НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

Македонски шуми не плаќа даноци, но купува палми за Груевски

Соопштение за јавност



УЈП призна дека Ј.П. Македонски Шуми и должи на државата 3.5 милиони евра за неплатени даноци.

Ј.П. Македонски Шуми нема пари за даноци, но затоа ги задоволува егзотичните идеи на Никола Груевски.

Македонски шуми набави 1.100 палми тешки над половина милион евра, односно 522.347 евра!

Бидејки условите во Македонија не се за палми, палмите едвај преживуваат, не се развиваат, зимава се под кеси за заштита од студот, а летото за нив мораше да се купат и тушеви за разладување.

Едвај преживуваат и над 500.000 граѓани кои живеат под прагот на сиромаштија, кои ја немаат среќата на Македонски шуми да бидат амнестирани од Груевски и Ставрески.

Едвај преживува и секоја трета фирма со блокирана сметка од Груевски и Ставрески.

За смрзнатите граѓани и изгорените фирмите не помагаат ни кеси, ни тушеви.

Но, власта на Никола Груевски не ја интересираат граѓаните и фирмите, туку само тендерите и нивните бизниси.

Случајот со Македонски шуми е пример зошто власта им дозволува на јавните претпријатија да не плаќаат данок.

Затоа што Груевски и неговите соработници им ги прават долговите на јавните претпријатија, што ги плаќаат повторно сиромашните граѓани и фирми.

Огромен долг, освен Македонски шуми има и Ј.П.Македонија пат.

Само овие две претпријатија им должат на државата и граѓаните над 10.000.000 евра!

Дури и Македонската телевизија не платила данок од околу 2.000.000 евра, иако Ставрески и Груевски насилно одземаат пари од трансакциските сметки на граѓаните и фирмите.

Егзотичните политики на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ иселија над 626.312 илјади луѓе од Макеоднија.

Граѓаните имаат идеја за егзотичниот популизам на Груевски: Збогум Никола и збогум на твоето друштво!


Скопје, 13.01.2016
    
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


среда, 13 јануари 2016




СДСМ