НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

СДСМ Ресен: Стрезовски веднаш да поднесе оставка

Прес конференција, СДСМ Ресен
Никола Станковски, претседател на СДСМ Ресен
Ресен, 13.01.2016 година


Почитувани,

Полициската бруталност на градоначалниот на Ресен, Ѓоко Стрезовски ќе ги чини граѓаните на Македонија 11.700 евра.
 
На 10 Декември 2015 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур, донесе пресуда со којашто пресудува дека македонски државјанин бил малтретиран и подложен на нехуман, навредлив третман од страна на полициски службеник кој подоцна станал градоначалник на Ресен.


 
Според членот 3 од Европската конвенција за заштита на човековите права никој не смее да биде подложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување или казнување.
 
Во пресудата на Европскиот суд за човекови права стои дека:
 
„Има повреда на членот 3 од Конвенцијата во врска со неуспехот на Владата на РМ да спроведе ефикасна истрага во врска со наводите за полициска бруталност на жалителот.
 
Исто така дека има повреда на членот 3 во врска со нечовечкото и понижувачко постапување на полицискиот службеник за време на испрашувањето на жалителот во Полициската станица во Ресен на 21 Март 2008 година.
 
Република Македонија треба да му исплати на жалителот во рок од 3 месеци од денот на правосилноста на пресудата 11.700 евра.“
 
Оваа пресуда јасно укажува дека во Република Македонија постои отсуство на волја на надлежните институции да го расветлат случајот и да преземат соодветни мерки спрема полицаецот кој во меѓувреме стана градоначалник на Ресен.
 
СДСМ бара градоначалникот Ѓоко Стрезовски веднаш да поднесе оставка.
 
Граѓаните на Ресен и ресенско не заслужуваат да ги претставува човек кој ги дели луѓето по национална основа и за кој се води кривична постапка.
        
Бараме надлежните институции да постапуваат согласно правниот поредок на РМ и секој да одговара за своите постапки.

 

 

среда, 13 јануари 2016




СДСМ