НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Соопштенија за јавност

УЈП призна, голем број јавни претпријатија не плаќаат даноци

Соопштение за јавност


УЈП призна, голем број јавни претпријатија не плаќаат даноци на државата.

Македонски Шуми должи 3.5 милиони евра на државата.

Мкедонија Пат должи 6.8 милиони евра.

Само две јавни претпријатија, Македонски шуми и Македонија пат и должат на државата повеќе од 10 милиони евра од неплатени даноци!

На црната листа на должници на УЈП до 31.12.2015 драстично се зголемени долговите на државните и јавните претпријатија кон државата по основ на неплатен данок.

На листата се најде и Македонската Радио телевизија, којашто и должи на државата 2 милиони евра.

УЈП блокираше над 27 000 сметки на граѓани и фирми за неплатена радиодифузна такса, меѓу кои има и социјални случаи.

Како и досега, сите тие се амнестирани од било каква одговорност и обврска за регулирање на долговите, затоа што Груевски има разбирање за неговите кадри што ги водат институциите под негова контрола.

Груевски и Ставрески, спроведуваа популистички лотарии коишто наместо нови работни места, на Ј.П. Македонски шуми му натрупаа нови долгови.

Затоа, Груевски  удира по граѓаните и приватните фирми.

Блокирани сметки, тужби, присилни наплати, катанци и пломби на врата се секојдневие на приватните фирми и граѓаните од коишто власта на Груевски ги полни дупките во Буџетот што ги прави.

10 000 фирми во државата се затврорија како резултат на погрешните економски политики коишто ги спроведува Груевски. Секоја трета фирма е со блокирана сметка.

Се повеќе се зголемува и бројот на граѓани на коишто им се блокирани сметките.

Според последните податоци на НБРМ за повеќе од 30 000 се зголемил бројот на блокираните сметки на граѓаните. Вкупно 247 562 блокирани сметки на граѓани и фирми имаме изминатава година.

Срамната црна листа на должници, УЈП само ја потврди срамната црна популистичка економска политика на Груевски!

Граѓаните имаат идеја за Груевски: Збогум Никола!
 

Скопје, 12.01.2016
    
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА


вторник, 12 јануари 2016




СДСМ