НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

Тодоров си поигрува со здравјето на болните во Кавадарци

Прес конференција, СДСМ Кавадарци
Сашко Петров, советник во општина Кавадарци
Кавадарци, 11.01.2016 година
 
Почитувани граѓани,
 
Хаосот што Никола Тодоров и Никола Груевски го направија во здравството се случува и во Градската болница во Кавадарци.


 
Пациентите во болницата во Кавадарци се соочуваат со крајно лоши и нехумaни услови.
 
Како во некој лош филм видовме како на детенце, коешто прима инфузија, рачето му е мобилизирано со картон од отпаден материјал.

Но ова е само дел од хаосот со кој што секојдневно се соочуваат пациентите во градската болница во Кавадарци:
 
Во болницата во Кавадарци нема доволно лекови, пациентите многу често сами си ги купуваат.

Еден ЕКГ-апарат се влече по одделенијата со ризик многу брзо да се расипе и да се остане и без него.
 
Греењето е недоволно, па пациентите во ладните денови се премрзнати.
 
Нема чаршави, навлаки, перници, кебиња....
 
Хигиената е на лошо, крајно незавидно ниво.

Поголемиот дел од ВЦ јазлите се руинирани и претставуваат место за ширење на дополнителни зарази.

Храната е недоволна, често пати нема ниту парче леб, а не пак посебна храна припремена по Хасап стандарди.

24 часовно опслужување во болницата е оневозможено со тоа што нема дежурства по сите оделенија,затоа што немало пари за да се платат дежурствата или дежурствата се расподелуваат на нестручни и некомпетентни лекари во однос на одделението на кое треба да дежураат. Значи по пат на полтронство се става стоматолог да дежура на нервно  оделение.

Болницата во Кавадарци со години има недостаток на лекари. Ренгенолози и анестезиолози доаѓаат од други градови. На повеќе одделенија нема дежурства, па пациентите се приморани да патуваат до Скопје.
 
Тодоров буквално си поигрува со здравјето на болните во Кавадарци но и во цела Македонија.
 
За власта на Груевски, на приоритетната листа секогаш се спомениците, фонтаните, галиите, коишто чинат милиони, а здравјето на пациентите е на последно место.
 
Наместо инвестиции, здравството е пред колапс.
 
Оваа Болница опслужува повеќе од 70.000 пациенти и нејзината материјална но и кадровска опременост мора да биде на највисоко ниво.
 
Бараме веднаш да се обезбедат основни услови за престој и лекување на пациентите во Градската болница во Кавадарци.
 
Хаосот во здравството е резултат на погрешните политики на Никола Тодоров и Никола Груевски.

Управата на Болницата да си поднесе оставка поради комплетна незаинтересираност и немање на интегритет и авторитет да воспостави организација која ќе им служи на граѓаните, или да се спротистави на погрешните политики за кои дирекни виновници се Министерот, Никола Тодоров и Никола Груевски, бидејќи тие се најголемите виновници за хаосот во здраството.
Да не заборавиме, кога се бараше оставка од министерот за здраство Никола Тодоров, пратеничката Весна Пемова, која што по професија е здраствен работник, беше еден од оние пратеници кои гласно го бранеа и величеа работењето на министерот. Истата таа Весна Пемова, сега да излезе и јавно да побара оставка од министерот Никола Тодоров. Секако , ако има барем малку доблес, барем малку етичка и морална одговорност, и грижа кон своите сограѓани.

Граѓаните на Кавадарци тоа многу добро го знаат. Затоа тие имаат една заедничка идеја: Збогум Никола!

 

 

 

 

 

понеделник, 11 јануари 2016




СДСМ