Извадок од говорот на пратеникот Панче Орцев, седмо продолжение на седница бр.82 на Собранието на РМ
Нема да објаснувам дека оваа влада стандардно, континуирано, постојано покажува едно не почитување на законите, нема да покажувам и да докажувам дека оваа влада не го почитува ова собрание пред кое што треба да одговара во сите сегменти во нејзиното работење.
Дополнително не поттикна секако и извештајот на Европската комисија, кој што ни вели дека се потенцира загрижувачки раст за долгот, потоа стигна порака од меѓународниот монетарен фонд или од претставникот на ММФ во Република Македонија, Патрик Житон , кој вели дека долгот на Република Македонија е многу зголемен во текот на последните неколку години.
Бараме и ќе инсистираме и ние како пратеници, а со нас и граѓаните на Република Македонија конечно да дознаат колку е вистинскиот долг на Република Македонија. Колку изнесува тој јавен долг на Република Македонија ? Колку е долгот на централната влада? Колку е долгот на јавните претпријатија кои што се во сопственост на таа влада? Колку е долгот на општините? Колку е долгот на јавните претпријатија во општините? На крај и колку е долгот на стопанството во Република Македонија? Кога ние како опозиција се обидуваме да дојдеме до некои информации , кои согласно со законот треба да бидат достапни и да ги има во тој регистар на долгови кои што ги има Република Македонија, ние доаѓаме до нешто, на пример до бројки кои што се обидуваме да дефинираме дали се точни, дали се релевантни, дали се онакви кави што треба.
Јасно на сите нас ни е 1, јасно ни е дека политиките на оваа влада е да продолжи со своите задолжувања, јасно ни е дека политиката на оваа влада е да тие задолжувања бидат што може по долгорочни со поголем грејс период за некој друг да ги враќа. Јасна ни е стратегијата на оваа влада која што не се базира на тоа дека нашето стопанство, не толку силно, нема финансиска моќ да го покрива буџетскиот дефицит. Јасно ни е на сите дека политиката на оваа влада е да со тие земени кредити, со тие земени средства го покрива буџетскиот дефицит и покрива други не продуктивни трошења, како што се трошења за административни згради и за сите тие глупости кои што ги имаме слушано и читано и констатирано за Скопје 2014.