Извадок од говорот на пратеничката Радмила Шекеринска, седмо продолжение на седница бр 82 на Собрание на РМ.
Прочитав една реченица која мислам дека денеска се кажува. Велат дека долговите и лагите одат заедно и тоа е една реченица за оваа веќе 8 години стара влада.
Зошто почнувам со тоа? Зошто и мене како и на вас ми е сосема јасно, а сакам тоа да го чујат и граѓаните на оваа држава зошто денеска човекот задолжен да се грижи за долгот отсуствува. Зошто денеска нема ниту еден претставник на Македонската влада? Затоа што денеска министерот за финансии, ќе мораше да признае, ако некој го прашаше дека премиерот Никола Груевски 2 пати пред камери ја лаже најбезобразно Македонската јавност. Ќе ви кажам зошто. Се сеќавате на изјавата која ја повтори пред некоја недела премиерот каде вели дека тој кутриот наследил долг од 38% од бруто домашниот производ. И вие изгледа почнувате да ги повторувате изјавите на премиерот. Без притоа да ги погледнете документите кои ги објавуваат институциите кои премиерот ги раководи. Министерството за финансии и народната банка на Република Македонија го демантираат премиерот.
Премиерот лаже, ни срам ни перде. Премиерот лаже! И ве повикувам колеги пратеници од владејачкото мнозинство да излезете да кажете дека не е точно ова што го говорам. Еве ги документите од Народна банка. И тие велат вака, кога премиерот кутар дошол на власт долгот во споредба со бруто домашниот производ не бил 38%, не бил ни 32% како што еднаш изјави Ставревски туку бил замислете 24,3 %. Знаете колку е голема таа лага?
Ако го пресметате бруто домашниот производ, а не е така тешко и го зголемите за проекција која владата си ја даде, еве ви ја математиката. Ќе се види дека во моментов и тој долг малку што се покажува без дополнителните обврски, патишта, фонд за здравство не исплатени обврски. Знаете колку изнесува? Веќе 36%.И сега погледнете со што се фали и какви лаги кажува премиерот на оваа држава. Погледнете како за само еден мандат долгот паднал од 43% на 24, а како во следните години вмроовска влада пораснал од 24 на 35,9%. И кај ќе ни биде крајот ако на ваков начин се лаже за долгот?
Би сакала да слушнам аргументирано образложение како е возможно владата да калкулира дека минатата година економијата ни пораснала 7%?
Ајде да ве прашам нешто што ние не го знаеме, вие можеби го знаете. Колку во моментот изнесуваат обврските кои владата не ги плаќа на различни фирми?