НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Спасовски: Зошто Груевски одбегнува да го соопшти огромниот државен долг?

Извадок од говорот на пратеникот Оливер Спасовски, осмо продолжение на седница бр 82 на Собрание на РМ.


Една од подобро чуваните работи од страна на власта и од страна на Груевски, покрај бројот на државната администрација е и јавниот долг на Република Македонија. Тема која што ја затварате пред Македонската јавност и пред овој законодавен дом и со тоа покажувате дека апсолутно не сакате да имате отеченост и не ви е важно како ќе го третирате Македонското собрание, туку едноставно ќе се покажува дека нема поделба на власта во Република Македонија и дека еден човек сака да управува со се во Република Македонија.

 

 

Мислам дека барем малку треба да се има одговорност пред граѓаните на Република Македонија, пред оние кои што го полнат државниот буџет за да им кажеме зошто Република Македонија од ден во ден се повеќе се задолжува. Што е тоа како политика економска или било каква друга во Република Македонија допринесува Македонија секој ден да биде што е можно позадолжена држава, а секој граѓанин и секое семејство во Република Македонија да имаат повеќе долгови за себе и за идните генерации без притоа да земаат било каков кредит

Немаше претпријатие во кое што истата оваа гарнитура на власт, предводена од тогашниот министер за финансии, денешен премиер Никола Груевски, само работеше на што е можно повеќе црпења на пари од државните фирми и ставање на некое друго место. Црпење на пари од народот.

Секогаш во битни моменти , кога се носат битни одлуки во државата премиерот Никола Груевски го нема и избегнува одговорност.

Кажете ми еден енергетски капацитет кој што го направивте во време на владеењето на Никола Груевски во овие 8 години за да можете да напредувате, да кажувате дека Република Македонија ја задолживме само заради тоа, едноставно реализација на смешен проект , реализација на проекти кои значат само и само земање на проценти од тие тендери.

Да упатиме порака до владата пред се за водењето на политиките од стратешки интерес на Република Македонија, како ја гледаме Република Македонија во наредниот период, не да биде држава од која што ќе бегаат и ќе се иселуваат младите луѓе туку да биде држава во која што ќе останат и ќе ја градат сопствената иднина.

Назад »

среда, 29 јануари 2014



СДСМ