НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Николов: Со оваа Влада граѓаните се задолжени со 2.7 милијарди евра

Извадок од говорот на пратеникот Марјанчо Николов, осмо продолжение од седница бр.82 на Собранието на Република Македонија -- Информација за висината, структурата, транспарентноста и намената на јавниот долг на Р. Македонија.


Од 2009 година, Министерството за финансии не ги објавува податоците за висината на јавниот долг во Република Македонија. Зошто Владата се одлучи на ваков чекор и не сака да ги објавува јавно податоците?

Овие податоци покажуваат, од 2008 година досега долгот на Централната Влада на Република Македонија е практички дуплиран. И на 30.11.2013 година истиот изнесува 2.7 милијарди евра.

Ако во 2008 година, долгот на Централната Влада изнесувал 1.3 милијарди евра, почитувани граѓани овој долг, оваа Влада за 5 години го дуплирала.

 

 

Ако ги земеме податоците од последниот извештај за управување со јавниот долг на Република Македонија за 2012 година, ќе видите дека јавниот долг изнесува 45% од БДП на Република Македонија или изнесува 3.3 милијарди евра. Владата не ги почитува сопствените одлуки коишто ги донела во една стратегија и се задолжува прекумерно од она што самата сметала дека македонската економија, македонските даночни обврзници можат да го остварат и Република Македонија можат да го вратат.

Оваа Влада за жал не само што повеќе ја задолжила Република Македонија, туку имаме ситуација да оваа Влада го крие својот долг.

За да може Владата дополнително да креира нови долгови, не само што префрла долгови на јавните претпријатија, туку и на самите јавни претпријатија им ги брише долговите.

Ова Собрание од 2008 година до денес, има донесено закони со коишто на јавните претпријатија и друштвата во сопственост на државата и има избришано обврски од 220 милиони евра. Ги криете и вештачки ги намалувате долговите, само за да прикажете дека Република Македонија е помалку задолжена земја.

Живеете на кредит. Ја задолжувате Република Македонија. Ги задолжувате идните генерации. Ја уништувате иднината на државата.

Вашите мерки, вашите кредити досега не донесоа ништо добро на Република Македонија. 230 илјади Македонци си заминаа. Луѓето немаат егзистенција овде. А долгот ви е дуплиран. Уште по 650 евра го задолживте секој граѓанин на Република Македонија. И тие пари некој треба да ги враќа.

Земате кредити ги трошите непродуктивно. Земате кредити ги трошите само за реклами, споменици и за барокни фасади. Тоа не е добра фискална, кредитна и економска политика во Република Македонија.

Кај вас фали чувството на разум и на одговорност на задолжувањето.

Вие денес не мислите како да креирате политики, вие мислите како да земете кредит. Како да земете кредит и да го потрошите непродуктивно.

Назад »

среда, 29 јануари 2014



СДСМ