Извадок од говорот на пратеникот Благоја Стојановски , седмо продолжение на седница бр.82 на Собранието на Република Македонија
Среќа за вас што К-15 веќе не прават скечови, така да овој закон ќе беше извор на многу, многу скечови, кои што ќе се гледаа и слатко ќе ви се смееа на телевизиите во Република Македонија. Колку е смешен, не промислен законот ќе ви кажам преку еден пример. Ајде да претпоставиме дека, она што го предвидува законот, согласно законот, секоја Општина ќе има издадено лиценца на фирма која што ќе врши, еве шлеп служба на расипани возила. Да претпоставиме дека секоја општина ќе има издадено лиценца. Сега нормално лиценцата која ја издала Општина Карпош, ќе важи за општина Карпош. Не може од Карпош да врши транспорт на расипани, дефектни возила во друга општина.
На пример јас одам, патувам за Тетово и во Тетово останувам дефект со колата. Сега да ве прашам на кого треба јас да му се јавам? Според законот се јавувам на шлеп службата која што има добиено лиценца од општина Тетово. Ама проблемот е што јас сакам колата да ми се донесе во Општина Гази Баба и сега овие од шлеп службата од Тетово ќе ми кажат, види ние имаме лиценца за Тетово. Потоа јас се јавувам на другата шлеп служба што е задолжена за авто патиштата, така оваа служба нема ингеренции во Тетово сега, само за авто патишта и регионални патишта. Тие колата можат да ми ја префрлат само до влезот на Скопје, стигам до Ѓорче Петров, и сега треба да се јавам на 3та шлеп служба која што има лиценца од Ѓорче Петров, за да ми ја однесе од Ѓорче Петров до Карпош, па на 4та шлеп служба од Карпош до Центар, па на 5 та од Центар до Гази Баба, и конечно на 6тата која што ќе има лиценца за Гази Баба да ми ја донесе до дома или на мајстор таму каде што сакам да ја носам. Е тоа го предвидува вашиот закон. Тоа го предвидува.
Има ли крај на глупоста?
Кои ви се образложенијата? Кои ви се мотивите, да носите вакви закони, навистина многу ме интересираше, навистина сакам да знам кој го измисли овој закон. Кој го измисли овој закон за ако ти остане колата во дефект во Тетово, треба да викнеш 6 шлеп служби за да стигнеш до Гази Баба. Стварно ме интересира кој беше овој голем ум, голем мудрец кој што го напиша вака овој закон?