Извадок од говорот на пратеникот Емилијан Станковиќ, седмо продолжение на седница бр.82 на Собрание на РМ.
Сакам однапред да се оградам, верувам дека тоа ќе го направат и другите пратеници, дека апсолутно немам намера од оваа говорница на било каков начин личната, семејната голгота на Томислав Кежаровски да ја злоупотребувам во дневно политички цели.
Ние остануваме конзистентни кон секој став, дека ќе поддржиме секое решение кое што ќе му ја олесни состојбата на Томислав Кежаровски и од друга страна ќе овозможи на државата, колку толку да се испере со скандалот кој и се случи со казната од 4 и пол години затвор за овој новинар.
Актуелниот претседател Ѓорѓе Иванов да го искористи својот капацитет и своето влијание да го повика министерството за правда, да ја покрене постапката и да го ослободи од кривичен прогон Томислав Кежаровски, на таков начин ќе овозможеше да се исправи една неправда и на крајот од мандатот да покаже дека согласно принципите за кои предава на правниот факултет и за демократските вредности умее да се залага во пракса. За жал, тој ја одби оваа наша иницијатива и останува и понатаму да се однесува како што се однесуваше сите изминати години, слика има, тон нема. Затоа однапред кажувам дека СДСМ ќе гласа и ќе го поддржи овој закон.
И да како што дел од експертите, кои вие не ги признавате за експерти ќе потврдат и ќе кажат, дека во нашиот устав утврдено е дека на новинарот никогаш не може да му се бара да даде информација за изворот на информации за кои што дошол во одреден случај. Томислав Кежаровски дефинитивно е политички затвореник..
Сметав и сите од опозиција сметавме калкулирањево со доставувањето на овој закон покажува дека е потребно време на ВМРО ДПМНЕ да ја подготви јавноста за ваков закон. И сметавме дека по донесувањето на ваквиот закон Томислав Кежаровски ќе може по принципот на примена на поблаг закон да му се овозможи, какво такво санирање на голготата.
Правевте негативна кампања или модерно кажано, користевте спинови во кои што како лампиони ги броевте колегите пратеници од СДСМ кои што биле во составот во 2005 година дека наводно тие биле одговорни и виновни зошто Томислав Кежаровски добил толку висока казна. И денеска чудо Силвана Бонева молчи, Антонио Милошоски молчи.
Се што збореше Силвана Бонева, се што зборел Илија Димовски, се што беше напад и негативна кампања кон СДСМ било само дневно политичка кампања на ВМРО ДПМНЕ. Законот бил супер, зошто тогаш не го спречивте законот, зошто не тропавте со тенџериња? Него како попчиња сте дозволиле да помине.