Велјановски: Наместо да им олесни, владата им ја отежнува состојбата на спортските клубови
Извадок од говорот на пратеникот Митре Велјановски, трето продолжение на седница бр. 82 на Собрание на РМ
Господине заменик министер, има една народна поговорка вика, Слушнала жабата дека ги потковаат коњите и таа ја кренала ногата. Ова на тоа ми личи. Суштината на овој закон е целата одговорност за организација на спортски натпревар да падне врз организаторот на спортскиот натпревар. И во нормални околности тоа и така треба да биде и во нормалниот свет, тоа така е. Но вие губите од вид, финансиската состојба на спортските клубови. И тука има како во се бизнис.
И така умрениот спорт сега дополнително го заглавуваме со овој закон. И поставувам едно прашање, што ќе работи народната полиција?
Спортските клубови и така мака мачат, гледаме секој ден како тонат во Републикава, не паметиме кога некој наш спортист отишол на врвно светско натпреварување, на олимпијада и така натаму. Гледаме што се случува на фудбалските терени одат 2ца без 3ца и сега наоѓаме да ги заглавиме и со оваа работа. Ќе било се ова во ред ако спортските клубови остваруваат екстра профит, ако спортските стадиони се полни, салите се полни и се прави голем бизнис од спортот, како што е во некои европски земји, во ред е. Треба се ова да го направат сами, верувајте ова не можат да го направат сами.
Има начини како да се спречат насилниците да не присуствуваат на натпревари, али да се пријавуваат сами во станица и да отседуваат 3 саати таму, мислам дека тоа беше мерка 50тите години.
Навистина не може едно вакво законско решение да се прифати. Од причините што ги наведов, доколку на организаторот на спортската екипа и го наметнете ова верувајте и така сега преживуваат, така не ќе можат ни да преживуваат. Затоа што за да се организира натпревар на едно вакво ниво ни требаат богати спортски екипи, во Македонија за жал состојбата е обратна. Сите се соочуваат со тоа што елементарните потреби не можат да ги задоволат, затоа е не прифатлив овој закон.
вторник, 21 јануари 2014