Извадок од говорот на пратеникот Игор Ивановски, седница бр.82 на Собранието на Република Македонија
Лустрацијата да не биде временски ограничена да трае континуирано бидејќи во основата на овој процес е правдата и вистината. Кој од вас ќе ми каже зошто баш се бара таа вистина до 2006 година, а не до 2007, а не до 2008, а не до 2009, како баш до 2006, како со нож торта ја пресековте? Тоа е политиканството и партизираноста во овој процес.
Она што ВМРО 2008 не го прифати, многу се спротивставуваше се сеќавам Силвана Бонева на тоа. Јас предложив да бидат опфатени лицата кои што соработуваат со странските тајни служби, а ги има богами во Македонија и тогаш, а и сега.
Ние сме за лустрација, ама ние не сме за ваква лустрација. Тоа е фундаментална разлика, бидејќи нема полошо од лоша лустрација. Во желбата или во врската да ја барате правдата или вистината да ја наклеветите накодошите или да оцрните некого. Што велат образот да му го земете. Не само на починатиот туку и на неговата лоза.
Генот за кодошење и братоубиственост лежи во одредени радикални и десничарско конзервативни структури на ВМРО ДПМНЕ. Затоа што мене ми е срам и ќе дискутирам секогаш со вас да некој го верифицира и фали Тодор Александров убиец на вистинскиот ревулуционер и претставник на ВМРО. Е сега тоа кога ќе го пресликаме во денешно време, не со вас лично, не комуницирам или дебатирам. Вие направивте од лустрацијата, некој ќе рече Шпанска инквизиција, некој меч, секој сатар на луѓето, а се повикувате дека сакате да одите напред . И поставувам прашање до сите вас. Со што отиде Македонија напред на тој начин што починатиот Славко Јаневски го лустриравте? Кажете ми 1 работа во Македонија, добра кај што отишле напред, една добра работа. Нема.
Каде е правдата, починати лица да се лустрираат за да не можат да бидат функционери? Па затоа во совет на Европа и во Европски парламент дека ова е, овој текст на законот, не процесот е катастрофа. На кој начин вие спроведувате правда и вистина? На никаков. Голема работа сте направиле, Јаневски го направивте кодош. Леле мајко.
Кој подобро ќе ги кодоши наводните вмровци од самите вмровци? Тоа било правилото. Па погледнете си ги обвинувањата меѓу вашите основоположници на ВМРО ДПМНЕ. Кого кодошел Драган Богдановски? Па кој Драган Богдановски го кодошел? Па кого Змејко? Вие си ја водите дебатата кој се кодошел. Вие се обвинувате се уште, по 23 години постоење дека ВМРО ДПМНЕ формирале комунистичка тајна полиција. Самите вмровци си го зборат тоа. Измислувам или кажувам факти?