НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Бендевска: Зошто не работат станиците за мерење на загаденоста на воздухот во Битола?

Извадок од говорот на пратеничката Весна Бендевска, петто продолжение од седница бр.80 на Собранието на Република Македонија

 

Покажувате и докажувате дека на ваква една алармантна ситуација, имате исто како и Владата многу несериозен и неодговорен однос. Значи вакви проблематични ситуации, не се решаваат ако дојде надлежниот министер за животна средина Адеми и од оваа говорница да изнесува лаги и невистини.

Еве го вашиот веб сајт господине Адеми. Пред 2 часа, тука убаво стои, иако велите дека Битола 1 покажува резултати не е точно.

 

 

Битола е обележана како место што нема податок, бидејќи не се мери.

Должни сте на јавноста да се извините за таква крупна лага. Зошто не сметам дека денешната дебата ќе вроди резултат? Бидејќи имате несериозен однос и вие како Влада и вашите претставници, кутрите, задолжени да ја бранат таквата позиција на Владата.

Гледајте што пишува Владата. 21 декември, мислењето било готово. 2 дена патувало до Собрание. Започна дебатата, а мислењето го добиваме на пауза.
И втората реченица е класична и ноторна лага.

Претпоставувам дека вие како министерство ова сте го изготвиле. Цитирам, мониторинг станиците се поставени во Скопје -- 5 станици, Велес, Битола, општина Илинден -- 2 станици. Лага. Битола 1 и Битола 2 не даваат податоци. Вон употреба се, не се мери.

Саботата во Битола, концентрацијата на суспендирани честички беше 20 пати поголема од нормалата. 1000 микрограми на метар кубен. И тоа беше доволен податок да се мери Сабота, Недела, Понеделник, Вторник ја нема станицата. Битола 2 одамна ја нема. Вака ли се решаваат проблемите?

Сте седнале на седница на Влада за да промовирате на Собраниски канал дека работите 15, 16 часа, ама ништо не се изработиле за надминување на оваа ситуација. Па, денес од сабајле, гледам сте имале координација и сте заклучиле, ако продолжи ваквата ситуација повторно ќе се состане 34 заклучок од мислењето: Се задолжува интерсекторската работна група за воздух, доколку има потреба, повторно да се собере. Граѓаните немаат аир од вашите состаноци. Една мерка немате.

Да се навратам, суспендираните честички најмногу се предизвикани од производните капацитети. Кажете, која е најсериозната мерка, кога ќе ставите под клуч?

Назад »

понеделник, 23 декември 2013



СДСМ