Извадок од говорот на пратеникот Оливер Спасовски, четврто продолжение на седница бр.80 на Собранието на Република Македонија
Со изборот на членот на судскиот совет има 2 сериозни моменти кои сакам да ги споделам со јавноста. Не заради пратениците на ВМРО ДПМНЕ, туку заради Македонската јавност. Прво предлогот доаѓа од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов, кој што според надлежностите треба да го штити уставниот поредок на РМ, да се грижи за уставноста на законите кои што ги носи собранието.
Со носење на еден ваков предлог до собранието на РМ, со кој што директно се влијае врз независноста на судството, со тоа што се прифаќа предлог да се предложи кој што го подржува ВМРО ДПМНЕ или кој што му е даден на Претседателот само за да го потпише како предлог се руши уставниот поредок на РМ.
Овој предлог за судски совет, да биде избрана Виолета Богоевска е директно предлог кој што си го дава ВМРО ДПМНЕ, кој претседателот само го потпишува. Второ апсолутно Ѓорѓе Иванов не покажа дека знае да го штити дигнитетот на институцијата Претседател на РМ , да се надмине самиот себеси и да ги надмине рамките на партијата и да им покаже на граѓаните на РМ дека можат во одреден момент да се потпрат на институцијата Претседател на РМ, кој што ќе знае да го штити уставниот поредок на РМ, кој што ќе знае во одредени моменти да носи мудри одлуки кои што би биле во корист на граѓаните на РМ и на тој начин да го ужива целиот авторитет и дигнитет.
Наместо да се понуди човек кој што би бил од еден ваков калибар, ја нуди Виолета Богоевска која што станала судија во управниот суд благодарение на тоа што е блиска до ВМРО ДПМНЕ и замислете од самиот старт како избран судија во управниот суд, претседател на совет, заменик претседател на суд, ВД претседател на управен суд, за 3 години сите позиции носечки, раководни во судовите ги поминува. Одработува добро партиски агенди, се покажува и преку тоа што беше претседател на совет, кога одработуваше агенда партиска за време на локалните избори, една од кариките за блокада и неможност да се сруши ВМРО ДПМНЕ во Центар, меѓутоа тука и таа и налогодавачите заборавија дека не вреди само судија кој што ќе пресуди во интерес на владата, туку треба да гласаат граѓаните на РМ, односно во случајов граѓаните на Центар и ги добија резултатите такви како што ги добија. Јас не очекувам ништо друго од страна на еден партиски судија кој бил поставен и исполнува партиски задачи во управниот суд по наредба и диктат на ВМРО ДПМНЕ, директно на Груевски дека ќе постапува вака и на ваков начин во судскиот совет, таа ќе биде една од членовите на судскиот совет почнувајќи од претседателот Александра Зафировска која што заради награда станала и претседател и член на судскиот совет.