НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Ивановски: ВМРО-ДПМНЕ направи масакар со македонската економија

Извадок од говорот на пратеникот Игор Ивановски, четврто продолжение од седница бр.80 на Собранието на Република Македонија

 

Господине Ставрески играте спортска прогноза? Е тоа е за мене Зоран Ставрески и оваа политика. Ако нешто се успее тие се добрите. Ако нешто не се фати или не се успее, европската, светската криза, проблемите со финансирање, опозицијата, Грција, Албанците, па пак СДСМ и така во круг.

 

 

 

Ветивте просечни стапки на раст, на најмалку 5,6 а најчесто 7%. Фактите говорат дека просечните стапки на раст, годишни, од кога Груевски и вие ја водите економијата се 2.5%. Толку годишно просечно расте македонската економија. За да го зголемиме БДП или да се зголеми двојно вредноста што се произведува во Македонија со оваа ваша политика, со овој ваш начин на работа, ќе бидат потребни најмалку 25 години.

Вие Буџетот 2014 година го споредувате со бројки и податоци од Буџет кој што формално, законски и практично не постои. И вие и вашето мнозинство во ова Собрание го сменивте. И тоа не е случајно направено. Основниот показател или пример зошто е тоа направено е за да манипулирате со износот на капитални инвестиции.

Да има странски инвестиции, можеби нема ни да разговарам за капиталните инвестиции на Владата. Ама нема странски инвестиции. Вашиот податок говори дека тие ќе завршат на ниво од 110 до 130 милиони евра. Ако нешто не се случи во месец декември, па дедо Мраз кога ќе ги дели пакетчињата, ќе подели и евра, фунти или долари. А тоа нема да се случи, освен во светот на бајките.

Ама она што не го кажувате кога ги сечете лентите по 10 наредени со ножиците, такво нешто не сум видел, дури ни во Тајван е дека на македонските граѓани треба да им објасните, дека за една странска компанија да отвори фирма во Македонија и да инвестира, вие како Влада им давате до 50% од народните пари во инвестицијата.

Вчера излегувате и велите: Нема пари за новогодишни пакетчиња, вечери и свечени вечери на администрацијата. Аманте ве молам. Тоа е антикризната мерка? На децата да не им дадете новогодишни пакетчиња? На тоа ќе зашпарате? Може да ви дадам еден прелог? Ај продајте 5 коли, Трајко Вељановски нека не го обезбедува полиција и го блокира цел град пола саат од сабајле, пошто нема никој ништо да му направи, бидејќи нема употребна вредност. Ете ви ги парите и дајте им на децата пакетчиња.

Немојте децата и нивните родители да им ставате сол на рана и да им кажувате дека леле-леле колку се сеќираат за парите, па уште и пакетчињата ги скратиле и частењето во рестораните. А цела година 364 дена масакар направивте со македонската економија и луѓево крај со крај не можат да скрпат.

Назад »

петок, 20 декември 2013



СДСМ