НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Ставрoв: Трети сме во свет по беда

Извадок од говорот на пратеникот Борче Ставрев, трето продолжение на седница бр.80 на Собранието на РМ

 

Министерот кажа дека невработеноста е намалена за 10%, значи од 38% на 28%, вештачка манипулација на бројките и фактите, односно со активни и неактивни барачи на работа. Не кажа зошто само во Македонија не е спроведен попис на населението, единствено во Европа, пописот е основен документ кој се прави на 10 години врз основа на чии податоци се прават сите економски податоци во секоја држава, ние го немаме тоа. Ние не знаеме колку жители живеат во Република Македонија. Не го кажа и бројот на трајно иселените лица во Европските земји, Америка, Австралија како последица од портокаловата преродба, ќе го потсетам, а ја имаат таа евиденција преку граничните премини, преку системот на царината. Се знае точно кој е иселен на подолго, а кој за кратко време, туристичка тура. Ќе го потсетам дека 440 илјади граѓани на Република Македонија се иселени, од кои трајно 250 илјади граѓани, а останатите чекаат виза за подолгорочен престој. И сета оваа сиромаштија и беда ќе ја правда министерот со најголемиот раст 3 ет по ред во Европа, на бруто домашниот производ. И вели дури и Германците и Французите се зад нас. Многу е проsирно, многу е тешко на ваков начин да ја влече интелегенцијата на Македонскиот народ, знае македонскиот народ и граѓанин кога ќе бркне во џебот дали му е полн или празен, дали му свират цревата или не од глад. Зошто оваа Влада одвои средства за народните кујни? Затоа што многу убаво се живее во Македонија, тука е рај.

 

 

Сурова е вистината во Германија минималната плата е 2000 евра, кај нас 100 евра, нето плата, епа затоа Германците не доаѓаат на печалба во Македонија. Во мизерија никој не оди, затоа и овие нашите не сакаат да се вратат назад, знаат каде ќе дојдат.

Еве го и Еуростат, куповната моќ на нашите граѓани ја опишува.3 ети сме во свет по беда, не може основните артикли да си ги купиме. Не е тоа некоја наша анализа туку Европска.

Од почетокот на мојата кариера работам во водостопанство и ќе ви кажам еден добар податок. Во 90тите години во Република Македонија се наводнуваа 60 до 70 илјади хектари земјоделско земјиште, односно посадени со култури. Оваа година се наводнуваат 20 илјади хектари само, со субвенции, со се. За интензивно производство, земјоделско, треба наводнување, климата кај нас е таква.

Назад »

четврток, 19 декември 2013



СДСМ