НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Спасовски: Дневно секое семејство има нов долг за враќање заради задолжувањата на оваа Влада

Извадок од говорот на пратеникот Оливер Спасовски, трето продолжение на седница бр.80 на Собранието на Република Македонија

 

Повторно имаме Буџет, кој што не ни остава простор да имаме верба, дека наредната година ќе се направи се, за да можат на најрационален начин да се искористат парите на граѓаните на Република Македонија.

Затоа и сега се продолжува понатаму, да се вложува и во проектот Скопје 2014. И додека овде градите згради, административни, кабинети, вложувате во нова опрема во тие кабинети, вложувате во удобноста на администрацијата, односно на вашата Влада, а луѓето надвор од Скопје, низ средините се соочуваат со недостаток на основни инфрастуктурни проекти. И на патишта, водоводни системи и на канализациони мрежи.

 

 

Не се вложува во ниту еден сегмент, кој што ќе значи подобрување на условите за живот.

Џабе се кажувањата на премиерот или на вас лично, дека имаме зголемен број на работни места. Јас се согласувам дека оваа Влада предводена од Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ отвора работни места, но не во Македонија. Отвора работни места надвор од Република Македонија. Заради тоа што над 440.000 граѓани на Република Македонија ја напуштиле. Од тие, 230.000 млади луѓе ја напуштиле Република Македонија. И не може да стане збор, дека на тој начин, со создавање на работни места, надвор од границите на земјата ќе се гради среќата на граѓаните на државата.

Минатата година, општина Куманово имале 19.500 невработени. Оваа година, Куманово има 6.500 невработени. Нема 13.000 работни места во Куманово, има само дополнителен број на стечајни работници.

Оваа Влада апсолутно не покажа дека има било каков капацитет да се справува со предизвиците и проблемите, што значи подобрување на животниот стандард на граѓаните. Ниту во делот на социјалните трансфери, ниту во делот на подобрување на статусот на пензионерите. Единствено нешто што го правите како Влада на Република Македонија е колку можете повеќе луѓе да измамите и да им прикажете дека има ефикасност од вашите политики.

Дневно секој граѓанин има поголем долг. Дневно секое семејство има нов долг и нов кредит, иако никогаш во животот не земале кредит.

Назад »

четврток, 19 декември 2013



СДСМ