НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

Бишевац: За ВМРО-ДПМНЕ е битно само да ги исполнува желбите и соништата на Груевски

Извадок од говорот на пратеникот Сафет Бишевац, трето продолжение од седница бр.80 на Собранието на Република Македонија.


Има една стара класификација и степенување на лагите. Порано одеше вака: лага, голема лага и статистика. Модерни времиња, посебна власт во Македонија и сега веќе тоа не важи. Степенувањето на лагата сега оди вака: лага, статистика и Ставрески.

Врв на лага во оваа држава е овој наводно развоен Буџет, кој овде пратениците од власта го бранат, а опозицијата се обидува со конкретни забелешки да ја подобри и онака катастрофалната ситуација во оваа држава.

 

 

Изедначувањето на државата со владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ е регистрирано дури и во извештајот на Европската комисија за минатата година.

Големата преродба на ВМРО-ДПМНЕ, нивните големи успеси и коалицискиот партнер, може да се види на еден многу едноставен пример. Во село Батинци, во училиштето Алија Авдович, учениците албанци и бошњаци се уште немаат книги за прво одделение. Тоа ли е големиот успех на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ? Како е можно во Буџет од речиси 3 милијарди евра, со толку посветеност на оваа владејачка гарнитура, децата во село Батинци се уште да немаат книги? Во кој свет живееме? Тоа не е важно за вас.

За вас е важно нешто друго. Морате да му ги исполнувате желбите и соништата на пастирот.

Како политика и политичари, вие немате задача да си обезбедите доживотна власт, вие имате сосем друга задача, да работите за доброто на граѓаните во оваа држава, од сите националности. Да работите добро за државата. А не на секој чекор да и поставувате сопки, за да не може да мрдне напред во правецот која е нејзина единствена шанса, приклучувањето кон Европската Унија и НАТО.
Вие не сакате да и дадете иднина на Република Македонија.

Во оваа држава 60% од граѓаните не живеат достоинствено. Тие преживуваат. Сфаќате ли дека 30% на граѓани во оваа држава живеат со помалку од едно евро дневно? Тоа за вас е голем успех?

600.000 полугладни луѓе во оваа држава. Тоа е за вас светски резултат? И затоа, замислете крива е светската економска криза. Оние кои гласаа за ВМРО-ДПМНЕ со волја или под присила, не го гласаа ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да им се жали на светската економска криза. И тоа да го зема како оправдување.

Колеги пратеници од владејачката коалиција го згазивте Уставот на Република Македонија на 24 декември, минатата година. Илија Димовски и госпоѓата Дулиќ писмено потврдија дека Груевски, Ставрески, Гордана Јанкуловска и човекот кој претседава со овие седници, признаа дека го прекршија Уставот.

Сега 5 луѓе, Али баба и неговите 40 разбојници контролираат 90% од богатството во оваа држава. Обичните граѓани одвај преживуваат. Тоа мора да се смени и тоа е она што опозицијата ќе инсистира.

Назад »

четврток, 19 декември 2013



СДСМ