НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

(Видео) Орцев: Владини функционери и поддржувачи злоупотребиле државно земјиште

Овој Закон за земјоделско земјиште се користи како параван за злоупотреби и користење на субвенции за земјоделските производители. Прво што ќе направи СДСМ кога ќе дојде на власт е ревизија на издаденото државно земјиште под концесија. Затоа што во оваа држава мора да се знае кој користи државно земјоделско земјиште, како го користи, зошто го користи и колку пари зема за субвенции. И на крај, дали плаќа и колку плаќа концесии за тоа земјоделско земјиште, рече пратеникот Панче Орцев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија

 

 

 

Назад »

петок, 15 јануари 2016



СДСМ