НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

15.12.2015

(Видео) Куновска: Повеќето градови во Македонија се 365 дена под канцероген облак

Скопје имаше катастрофален земјотрес во 1963 година. Овој земјотрес однесе 1100 жртви. Со овие политики според статистиките на Светската здравствена организација и Светската банка од загадениот воздух умираат 1350 луѓе годишно. Оваа власт предизвикува елементарна непогода иста на еден земјотрес секоја година, и поголем од 1963 година, рече пратеничката Софија Куновска во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието... Повеќе »

15.12.2015

(Видео) Андонов: 8 милиони евра отидоа за садници, а сè уште имаме голи ридови и загаден воздух

Кочани е град кој има извори на геотермална вода. Кочани има 40 годишно искуство што има инсталирано систем за користење на геотермалната вода. За се и сешто имаше пари, 30 милијарди евра пари на граѓаните потроши власта, ама за пуштање на геотермална вода немаше слух, рече пратеникот Миле Андонов во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

14.12.2015

(Видео) Дескоска: Власта прави еколошки масакр!

Во Македонија владее урбана мафија. Последниот пример на 47 дрва исечени во Универзитетскиот кампус во глуво доба, ноќе, на криминален начин и тоа спроти денот кога се одработуваше денот на дрвото покажува во каква парадоксална ситуација живееме, рече пратеничката Рената Дескоска во однос информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

14.12.2015

(Видео) Ковачевски: Власта потроши 630 милиони евра за фасади, а луѓето да се гушат

Тетово е на прво место според загаденост во светот со 180 индексни поени. А Скопје пак е на трето место, на истата листа со 152 поени. Во Скопје, Битола, Кичево, Тетово, Кавадарци загадувањето е алармантно. Ако власта не се интересира за загадувањето на воздухот, тогаш не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, рече пратеникот Васко Ковачевски во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

11.12.2015

(Видео) Сугарески: Овој закон е потврда дека странските инвестиции заминуваат од Македонија

Вложеното кое што го направила државата споредено со она што го добила, апсолутно нема никаква логика. И затоа после 10 години ваше владеење голема е лага дека вие создадовте некој голем амбиент за странските инвеститори. Вие правите со овој закон само еден одличен амбиент фамилијата се повеќе и повеќе да се збогатува, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за странците на 82-та седница на Собранието на РМ Повеќе »

11.12.2015

(Видео) Пауновски: Кој брза да ги купи објектите од странските инвеститори коишто заминуваат?

Дајте да го подобриме инвестирањето и на странските и на домашните инвеститори. Ова законско решение не е идеја на граѓаните, туку идеја на владата која повторно сака да се скрие позади пратениците за се и сешто како и досега, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за странците на 82-та седница на Собранието на РМ Повеќе »

11.12.2015

(Видео) Андонов: Колку пари на граѓаните отидоа во странските фирми како директна државна помош?

Република Македонија е последна по привлекувањето на странски инвестиции. Немаме одговор колку граѓаните платија за тир зоните овие 5 години, рече пратеникот Миле Андонов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за странците на 82-та седница на Собранието на РМ Повеќе »

11.12.2015

(Видео) Николов: Странските инвеститори ќе си заминуваат полесно штом ќе им заврши државната помош

И ова законско решение јасно укажува дека странските инвеститори ќе доаѓаат во Македонија , меѓутоа за жал и ќе си заминуваат во периодот кога ќе им заврши државната помош од буџетот, каде што стои дека странскиот инвеститор може да работи во индустриската зона најмалку до исполнувањето на обврските кои произлегуваат од договорот за исполнување на државната помош, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за странците на 82-та седница... Повеќе »

10.12.2015

(Видео) Димова: Со превод на странски учебници не се подобрува образованието

Издвојте повеќе средства за издавачите и ќе видите дека повеќе ќе се пишуваат учебници од домашни автори, рече пратеничката Лидија Димова во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование на 74-тата седница на Собранието на РМ Повеќе »

10.12.2015

(Видео) Николиќ: Без поширока јавна расправа да не се воведуваат странски учебници

Имаме плагијат на наставни планови од странски држави вметнати во наставните планови и програми на Министерството за образование на РМ, рече пратеникот Љубиша Николиќ во однос на Предлог на закон за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование на 74-тата седница на Собранието на РМ Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни

СДСМ