НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

22.12.2015

(Видео) Ковачевски: Срамно е најпрофитабилното државно претпријатие ЕЛЕМ да бара кредит

АД ЕЛЕМ во изминатите четири години преку бирото за јавни набавки потроши речиси 400 милиони евра. Ако секоја година во овие четири години се тргаа на страна барем по 10 милиони евра, ние ќе ги имавме овие 40 милиони евра, за топлификацијата во Битола, и денес немаше да се задолжуваме, рече пратеникот Васко Ковачевски во однос на предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу... Повеќе »

21.12.2015

(Видео) Дескоска: Системските слабости во здравството одземаа многу млади животи

Познат ви е случајот на оставка на министерот за здравство во Црна Гора заради едно починато новороденче. Во Македонија умираат три пати повеќе новороденчиња, од просекот на земјите на Балканот и ЕУ. Ама за Тодоров тоа не е причина за оставка, рече пратеничката Рената Дескоска во однос на Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, на 80-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

21.12.2015

(Видео) Георгијев: Во вашите лавиринти згасна животот на малата Тамара

Вие бевте тие кои одозгора дававте негативно мислење за лекување на Тамара. Вие бевте тие кои рековте да престанат донациите бидејќи се обезбедени пари. Македонија е на последно место во Европа по задоволство на граѓаните од здравствени услуги. Ако малку имате чесност и доблест, ве повикувам да поднесете оставка, рече пратеникот Ален Георгијев во однос на Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, на 80-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

21.12.2015

(Видео) Шахпаска: Тодоров, го уништивте здравството, одете си!

Вие како правник не знаете дека од лоша регулација на крвниот шеќер компликациите се погубни: срцев инфаркт, мозочен удар, дијализа, слепило. Покажете дека сте човек од крв и месо кој е свесен за грешките. ДОСТА БЕШЕ! Покажете доблест и одете си од министерската позиција во здравството, рече пратеничката Јагода Шахпаска во однос на Интерпелацијата за работата на министерот за здравство Никола Тодоров, на 80-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

17.12.2015

(Видео) Силјановска: Каде се 250 илјади евра за животна средина што ЕЛЕМ треба да ги даде на Битола?

Лицемерно е РЕК да ги загадува Битола и Пелагонија, а ЕЛЕМ да инвестира 15 милиони евра во управна зграда во Скопје, додека граѓаните на Битола се гушат во загаден воздух, рече пратеничката Јулијана Силјановска во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

17.12.2015

(Видео) Орцев: Груевски и Владата направија граѓаните да дишат отров

Груевски ги сече дрвјата зошто во главата на Груевски стојат зградите и барокните фасади што треба да се направат. Тој ги сече дрвјата, рече пратеникот Панче Орцев во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието Повеќе »

17.12.2015

(Видео) Сугарески: Имаме нова Државна изборна комисија за да нема повеќе криминални избори

ВМРО-ДПМНЕ ја предизвика кризата во Република Македонија. Криза која што беше објавена со Вистината за Македонија, со бомбите на Заев и опозицијата, каде што имаме фрапантно кршење на се' во оваа држава. Од демократија, човекови права и се'. Преку 20.000 граѓани во Република Македонија се прислушувани од оваа бандитска власт, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот нa одлука за избор на претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија на 83-тата седница на... Повеќе »

15.12.2015

(Видео) Пауновски: Да се воведат автобуски линии во Тетово за да се намали загаденоста на воздухот

Кажете ми еден град како Тетово кој што има депонија на влезот на градот? И кажете ми еден град каде што не се преземаат никакви мерки за да се намали загаденоста на воздухот?, праша претеникот Стојко Пауновски во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на 74-тата седница на Собранието на Р. Македонија Повеќе »

15.12.2015

Граѓаните имаат едно очекување од Груевски: оставка!

Криминалното владеење на Никола Груевски и ВМРО – ДПМНЕ исполнето со корупција и лично богатење на луѓето од фамилијата ги избрка од Македонија и граѓаните и инвеститорите! Повеќе »

15.12.2015

(Видео) Богоев: Масакрот на дрвјата што го правите предизвикува масакр на 1350 луѓе годишно

Што вели Владата во однос на загадувањето? Владата вели седете дома и затворете ги прозорците. Па дали ако седиме дома ќе дишеме Хималајски воздух? Зарем вашите деца и вие лично дишете воздух од Алпите? Не. И вие и ние, и вашите деца, и сите граѓани на Република Македонија го дишеме истиот катастрофален, енормно загаден и штетен воздух во Скопје и поголемите градови, рече пратеникот Стефан Богоев во однос на информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух во Република Македонија, на... Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни

СДСМ