НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

28.12.2015

(Видео) Георгијев: Здравството ќе го менаџираат партиските ве-де менаџери на ВМРО-ДПМНЕ

Ако се случи некој да е добар специјализант и дојде до крајот на специјализацијата, и не дај Боже му се случи катастрофа, сообраќајна несреќа и има потреба повеќе од 12 месеци да биде на боледување, вреди ли на тој лекар да му ја укинете специјализацијата?, праша пратеникот Ален Георгијев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита Повеќе »

28.12.2015

(Видео) Шахпаска: Со странци директори во болниците ги покривате неуспешните здравствени политики

Со новиот предлог закон предвидувате директор странец. Зошто е потребно во јавните здравствени установи менаџирањето да го ставаат директор од странство. Дали тоа не претставува пораз на вашите политики за воведувањето на двојните директори? 280 илјади евра народни пари беа потрошени за првична едукација за директори. Воведовте двојни директори: економски и медицински, рече пратеничката Јагода Шахпаска во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената... Повеќе »

24.12.2015

(Видео) Димова: Скандали, непотизам и партизација на министерството за надворешни работи

Господинот Горан Трајков, службеник во Њуjорк. Точно ли е дека ќе биде генерален конзул во Њујорк? За да знае јавноста, станува збор за господин чија што сопруга се вика Викторија Новакович и е внука на поранешниот министер Коњановски, а ќерка на сопствениците на ТВ Орбис, рече пратеничката Лидија Димова во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи Повеќе »

24.12.2015

(Видео) Китев: Дипломатијата не смее да биде биро за вработување на истрошени партиски кадри

Немаме утврдена политика на едукација, регрутација, селекција и оценување на дипломатите. Преовладуваат политичките критериуми. Се уште не е јасно како после сите инциденти и случаи на македонската дипломатија никој не презема никаква одговорност. Тоа е основно правило на надворешната дипломатија, рече пратеникот Бетијан Китев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за надворешни работи Повеќе »

24.12.2015

(Видео) Локвенец: Да се повлече законот за надворешни работи и да се отвори јавна расправа

Kажавте дека во Македонија постојат 56 дипломатски претставништва. Од тие 56, во овој момент пополнети се 43, остануваат уште 13 да се пополнат. Од тие 43 пополнети дипломатски претставништва, 20 се пополнети со кариерни дипломати, а 23 се од видни личности. Во случај кога ќе се пополнат сите 56 дипломатски претставништва, 30% колку предвидувате дека можат да бидат од списокот на јавни личности се 19. Во овој момент имаме поголем процент од законско пропишаниот. Со самото носење на законот го... Повеќе »

23.12.2015

(Видео) Николов: Правите класичен упад во децентрализацијата на Македонија

Како може ова Собрание да се воведе во ситуација за еден град, за едно прашање да менува цел закон. Знаете ли вие што предлагате? Класичен упад во децентрализацијата на Р.Македонија. Вие велите ако општината не сака, тоа ќе го направи градот Скопје. Ако не сака градот Скопје ќе му речете на инвеститорот прави си сам пат. Какво ви е тоа решение? Повеќе »

23.12.2015

(Видео) Тунтев: Менувате закони за да ги минирате градоначалниците од опозицијата

Улицата или локалниот пат за потребите на градење на државна институција по секоја цена треба да се направи, на територијата на град Скопје. Законот е предложен поради проблем во општина Центар. Уште повеќе се зацврсти нашиот сомнеж дека власта носи закони за дневна употреба. Носи закони за парцијални интереси, рече пратеникот Томислав Тунтев во однос на предлогот на закон за дополнување на Законот за градење Повеќе »

23.12.2015

(Видео) Сугарески: Продолжете да ги преземате законите на СДСМ!

Не се работи само за последниот закон за ДДВ што го предложивме. Претходно имавме случај со професионалните војници, што чисто беше украден законот. Истото беше со енергетската сиромаштија. Истото беше со минимална плата, со бесплатен превоз на студентите... Нас ова ни дава уште поголем поттик како пратеници да предлагаме во ова Собрание, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност Повеќе »

22.12.2015

(Видео) Пауновски: Кредитот е за предизборни цели или за топлификацијата во Битола?

Како и парното во Скопје државата системот ќе го направи и ќе го даде потоа на некоја приватна фирма да го работи а цената ќе ја платат граѓаните. Најдобро ќе беше оваа влада да завршеше со криминалите а не да гласаме за уште криминали, рече пратеникот Стојко Пауновски во однос на предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД ЕЛЕМ, рече... Повеќе »

22.12.2015

(Видео) Николов: Да скратеше Владата од спомениците, ќе имавме Топлификација во уште еден град

АД ЕЛЕМ го овластувате да стопанисува со системот за топлификација на Битола. АД ЕЛЕМ троши средства кои што не се поврзани со неговата дејност. Гради пешачки патеки, барокна фасада, а државата му дава гаранција за кредит од 39 милиони евра, рече пратеникот Марјанчо Николов во однос на предлогот на закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем за финансирање на проектот Топлификација на Битола, кој ќе се склучи меѓу Кредитната банка за обнова - КфВ и АД ЕЛЕМ Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни

СДСМ