НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Одјави ме !

Собраниски активности

29.01.2014

Орцев: Владата со кредити го покрива буџетскиот дефицит и непродуктивните трошења

Дополнително не поттикна секако и извештајот на Европската комисија, кој што ни вели дека се потенцира загрижувачки раст за долгот, потоа стигна порака од меѓународниот монетарен фонд или од претставникот на ММФ во Република Македонија, Патрик Житон , кој вели дека долгот на Република Македонија е многу зголемен во текот на последните неколку години. Повеќе »

29.01.2014

Шекеринска: Долговите и лагите на Груевски одат заедно

Премиерот лаже, ни срам ни перде. Премиерот лаже! И ве повикувам колеги пратеници од владејачкото мнозинство да излезете да кажете дека не е точно ова што го говорам. Еве ги документите од Народна банка. И тие велат вака, кога премиерот кутар дошол на власт долгот во споредба со бруто домашниот производ не бил 38%, не бил ни 32% како што еднаш изјави Ставревски туку бил замислете 24,3 %. Знаете колку е голема таа лага? Повеќе »

29.01.2014

Спасовски: Зошто Груевски одбегнува да го соопшти огромниот државен долг?

Секогаш во битни моменти , кога се носат битни одлуки во државата премиерот Никола Груевски го нема и избегнува одговорност. Повеќе »

29.01.2014

Пауновски: Владата без отчет за трошењето на парите на граѓаните и без одговор за задолженоста

Треба да дадете отчет од каде тоа на ВМРО-ДПМНЕ му се парите да има преку 500 билборди низ Република Македонија, со изјави кои што ги кажал лидерот на опозицијата. Тоа е отчетот кој што треба да го дадете, тоа е работата која што треба овде да ја разјасниме Повеќе »

29.01.2014

Николов: Со оваа Влада граѓаните се задолжени со 2.7 милијарди евра

Ако во 2008 година, долгот на Централната Влада изнесувал 1.3 милијарди евра, почитувани граѓани овој долг, оваа Влада за 5 години го дуплирала. Повеќе »

28.01.2014

Стојановски: За расипан автомобил од Тетово до Гази Баба ќе бидат потребни 6 шлеп служби

Кои ви се образложенијата? Кои ви се мотивите, да носите вакви закони, навистина многу ме интересираше, навистина сакам да знам кој го измисли овој закон. Кој го измисли овој закон за ако ти остане колата во дефект во Тетово, треба да викнеш 6 шлеп служби за да стигнеш до Гази Баба. Стварно ме интересира кој беше овој голем ум, голем мудрец кој што го напиша вака овој закон? Повеќе »

28.01.2014

Станковиќ: Ќе го поддржиме секое решение што ќе му ја олесни состојбата на Кежаровски

Правевте негативна кампања или модерно кажано, користевте спинови во кои што како лампиони ги броевте колегите пратеници од СДСМ кои што биле во составот во 2005 година дека наводно тие биле одговорни и виновни зошто Томислав Кежаровски добил толку висока казна. И денеска чудо Силвана Бонева молчи, Антонио Милошоски молчи. Повеќе »

28.01.2014

Макрадули: Ако немаш книшка ДПМНЕ немаш право да работиш, младите среќата ја бараат во странство

Градоначалникот во општина Центар нема право на никого. Градоначалникот на општина Центар нема право на свои соработници. Градоначалникот нема право да избере тим. Градоначалникот на општина Центар не може да работи со стручни луѓе, туку да ве потсетам има двајца запослено рибари во општина Центар. И затоа некој треба да го аминува менувањето на фасадите на Градскиот трговски центар, најскопскиот и најмодерниот проект во постепскиот период после земјотресот 1963 година. Затоа треба претседавачот... Повеќе »

28.01.2014

Шекеринска: Функционерите на ДПМНЕ со по 2-3 стана во Центар без оние кои ги кријат

Интересно е дека денеска овде ќе чуеме многу погрдни зборови за естаблишментот кој живеел во централното градско подрачје. А како се вика овој ново создаден портокалов буржуазиски естаблишмент? Сите се истрчаа во Центар да купат станови. Освен што ги кријат, втората заедничка точка им е што сите од тие станови се во Центар Повеќе »

28.01.2014

Иванова: Овие законски измени се во корист на Владата, а на штета на невработените и работодавачите

Да субвенционирате работодавач да вработи работник и притоа субвенцијата да ви е 80% на висината од социјалната помош, а знаејќи колкава е социјалната помош, тоа значи дека практично ќе нема ниту еден приватен работодавач интерес да ја користи оваа субвенција Повеќе »

Предходни      14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31  32  33    Следни

СДСМ