НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

06.02.2014

Велјановски: Наместо да се заштити трајното културно наследство, министерството фрла пари на кич

Трошите огромни средства , ваму ни горат нашите манастири, неповратно заминува непроценливо културно богатство, вградено во културниот идентитет на Република Македонија Повеќе »

06.02.2014

Диневски: ВМРО-ДПМНЕ континуирано и систематски го уништува здравството на штета на граѓаните

Се добива впечатокот дека секојдневно се бараат се повеќе и повеќе начини фондот за здравствено осигурување да ги дисциплинира избраните доктори, а по можност и истите да ги казни и да им ги раскине договорите. Друг изговор, освен овој е дека ваквото законско решение, ова што се нуди сега е повторно донесено или напишано набрзина со голем број на недоречености. Повеќе »

06.02.2014

Анастасова: Зад Субрата Рој стои некој друг кој земјоделието ќе го претвори во Сахара

На денот кога се отвораше, кога го промовиравте Субрата Рој утрото имаше навистина шатори, трактори како некој циркус да дошол во Овчеполието. Но, истиот ден, вечерта, останаа само белите знамиња на јарболите и билбордот Повеќе »

06.02.2014

Николовска: Владата со ова законско решение овозможува дополнителна злоупотреба на субвенциите

Јас сега се прашувам дали 5 години по ред, исти земјоделци концесионери пријавувале исти површини под пченица и на тој начин користеле по 150 евра од хектар за пченица и 50 евра за семенска пченица? И притоа сметајте дека тие немале никакво производство Повеќе »

05.02.2014

Минчев: Законот за професионални војници предложен од СДСМ конечно усвоен после 4 години

Денес ВМРО-ДПМНЕ образложува и се залага за закон кој што буквално го украде од програма на Социјалдемократскиот сојуз и за тоа релевантен доказ имате во програмата која што СДСМ ја имаше на Парламентарните избори во 2011 година. Повеќе »

05.02.2014

Велјаноски: Владата фрли многу пари во импровизирани реформи, квалитетот го нема

Господине заменик министер, образованието е многу сложен процес. Не трпи импровизации. Од првиот ден, од оваа говорница зборував, немате концепт. Немате стратегија, ад хок како некој самоук во министерството каде што место најпаметните, место да биде скроз деполитизирано, таму по партиски заслуги доаѓаат, од раководители на сектори, па советници. Со таков политички орган вие не можете да имате образовен процес, квалитетен Повеќе »

05.02.2014

Николов: Кредитот од 36.4 милиони евра Владата го подигна за предизборни манипулации

Во 2011 година земавте 220 милиони евра. Сега повторно почитувани граѓани, бидејќи се наближуваат избори, Владата предлага нови закони за задолжување на Република Македонија точно пред да почне изборната кампања и да почне трошењето на парите за самите избори Повеќе »

05.02.2014

Ивановски: Не е точно дека јавниот долг изнесува 34.3%, туку најмалку 45%

Господине министре сте ја погледнале последната табела на Министерството за финансии за состојбата со централниот долг Повеќе »

05.02.2014

Андонов: Владата на Груевски дневно троши 100.000 евра народни пари за кампањи против Заев

Ајде еден месец да се договориме оваа власт, оваа Влада на ВМРО-ДПМНЕ заедно со ДУИ нека не се задолжи било каде или дома кај банките или надвор, да видиме дали ќе го истера месецот во Република Македонија Повеќе »

04.02.2014

Сугарески: Во Македонија не може политичарите да ги пишуваат казните

Не смееме да дозволиме да биде по претходно мислење од јавното обвинителство, јавното обвинителство како и адвокатската моралност на адвокатите, се странка во споровите, јавното обвинителство е орган за прогон. И не може јавното обвинителство да ги одмерува казните. Повеќе »

Предходни      12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30  31    Следни

СДСМ