НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

21.02.2014

Бендевска:Психолошкиот тест на администрацијата, мириса на „бизнис" тежок 5 милиони евра

И сега јавно ве прашувам како тоа на сметка на Стопанска банка а.д. Битола, коа впрочем е во сопственост на Орце Камчев, замислете најмалку 30 денари за уплата на овие средства ќе останат на име на провизија во банката на Орце Камчев. Орце Камчев добива дел од овој навистина голем колач. Меѓутоа јасно е дека тестовите ги спроведува според законот акредитирана, професионална институција, која носи назив Виста груп дооел Повеќе »

21.02.2014

Сугарески: Дали познавањето на англискиот е поважно од стручноста на јавните службеници?

Внесувате познавање на англиски јазик и внесувате компјутерски вештини. Да поседува сертификати за познавање на компјутер. Стручноста на овие комисии, на овие тела ќе оценуваме колку тие знаат англиски? Еве логички да прашам, дали вие мислите дека ако го познаваат англискиот јазик постручни ќе бидат во решавањето на жалби? Бидејќи вие како дополнителен услов ги внесувате овие 2 одредби. Јас апсолутно ни како правник, ни како пратеник, ни како граѓанин на оваа држава, се согласувам дека ако некој... Повеќе »

20.02.2014

Марачков: Денес во Македонија извозот на храна е двојно помал од увозот

Состојбата на земјоделието се доведе на дереџје да за само 3 години има 21 илјади и 500 помалку индивидуални стопанства кои денес обработуваат скоро 16 илјади хектари помалку земјоделско земјиште. Земјоделието се карактеризира со раситнето земјоделско земјиште и екстензивно производство, не конкурентен и не организиран пазар на земјоделските производи, извозот на храна е двојно помал од увозот на храна, нема видливи резултати во прилагодувањето на конкуретноста на Македонскиот земјоделски... Повеќе »

20.02.2014

Иванова: Со овој закон се создава неедкаквост помеѓу корисниците на социјална помош

Сметаме дека овој проект e повторно во насока или за предизборни цели. Зошто? Затоа што за да еден работодавач да биде субвенциониран, да користи ваква субвенција, потребно е работодавачот или државата обезбедува 80% од висината на социјалната парична помош и работодавачот е должен да исплаќа минимум минимална плата и истиот овој невработен или примател на социјална помош да го задржи на работа 24 месеци Повеќе »

20.02.2014

Макрадули: Власта ја претвори АЕК во финансиски монструм

За овие трошоци и начинот на работата на Агенцијата зборува и во последниот извештај и Европската Комисија која што кажува дека кредибилитетот е поткопан на Агенцијата, затоа што дава пари за други работи него што треба. И затоа Владата си зема вакво неевропско право, а тоа да прави од Агенцијата за електронски комуникации, исто како и Регулаторната комисија за енергетика, државно тело, коешто нема да се грижи за пазарот на електронски комуникации, туку ќе се грижи исклучиво за партиските... Повеќе »

19.02.2014

Стојановски: Со одлуките на Јаневска и регулаторната комисија сметките за струја се двојно поголеми

Ве прашувам како можете повторно да ја предлагате истата таа членка на регулаторна комисија која што поради нејзините не совесни одлуки, не стручни, не издржани, признавање на сите можни трошоци на овие субјекти кои што влагаат во вкупната сума на цената на струјата? Повеќе »

19.02.2014

Сугарески: Со носењето на 112 закони по скратена постапка власта ги прикрива катастрофалните измени

Ова владејачко мнозинство за жал остана да биде продолжена рака на лошите владини политики. Од овие причини, пратеничката група на СДСМ, апсолутно нема никаква намера да ви дава поддршка во носењето на овие катастрофални измени по скратена постапка Повеќе »

10.02.2014

Томиќ: Најмалку 70 вработени од Охис можат да се најдат на улица зошто не се опфатени со овој закон

Покрај оние 800 вработени коишто се водат веќе под заводот, во Охис се уште одат на работа 70 до 80 луѓе коишто на барање на менаџментот на фирмата добиваат договори за времено вработување, месец за месец. Немаат трајно вработување, немаат дополнителни приходи и за жал Владата заборава да ги опфати со овој закон. Наместо тоа ќе ги остават откако ќе се заврши целата стечајна постапка и откако некој по не знам какви критериуми, како што поменавте ќе го земе земјиштето за да на него гради згради... Повеќе »

10.02.2014

Спасовски: Најголемиот дел од фирмите во Куманово се во стечај благодарение на ВМРО-ДПМНЕ

Ефектите за носењето на ова законско решение беше само чист популизам пред изборите, се сечеа шаторите овде пред Собрание на Република Македонија, исто се ветуваше дека се околу 3 000 луѓе опфатени како можност за паричен надоместок на стечајни работници, на крајот ви ги соопштивме бројките,2 129 стечајни работници имаа можност од тоа законско решение да добијат паричен надоместок Повеќе »

10.02.2014

Николов: Груевски 5 години немаше слух за стечајните работници

Господине министер што правевте вие 5 години за стечајните работници, па дури сега пред избори, сакате па да го решите проблемот. Ако со тој закон велевте дека ќе важел за 6 000 стечајци, а не важи за повеќе од 3 000. зошто не го сменивте во 2008 година? Зошто ви требаше 5 години да уништувате човечки судбини, да луѓето ги оставите без егзистенција, да штрајкуваат по улиците, да им тропаат извршители дома, да им се рушат семејствата, да умираат, па сега пред избори, после 5 години вас ви текна,... Повеќе »

Предходни      11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  30    Следни

СДСМ