НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

26.02.2014

Пауновски: Дали со овој закон ќе ги спречите оние што се нафатираа од јавните набавки?

Дали Бирото за јавни набавки последното нешто што требаше да го прави, освен да правилно се распределуваат тендерите, да не прават по 5,6 и 7 пати анекси на договорите, да не им ги крадат парите на граѓаните преку измислени јавни тендери. Вие се одлучивте пред претседателските избори да доставите законско решение за јавни набавки за Бирото за јавни набавки, каде што барате условите да се зголемат и сите овие да имаат одреден степен на познавање на англискиот јазик и сертификати коишто ќе мораат... Повеќе »

26.02.2014

Николов: Граѓаните повеќе се плашат од даночните инспектори, отколку од криминалци

Таму каде што УЈП најдобро си ја врши работата, тоа е собирањето на казните, пишувањето и изрекувањето на глобите. И тоа најдобро покажува во каков орган се претвора УЈП, во репресивен орган Повеќе »

25.02.2014

Пауновски: Овие 130 закони ги носите заради закани, заплашувања и ред слични работи

Вие правите едноставно упад во една фела и не ја оставате на мира ревизорската комора да си ги работи работите кои што и следуваат во сите европски земји. Вие сакате едноставно се да контролирате. И ова што сега го правите, повторно е контрола и затоа сите овие 130 закони, заменик министер ги носите не заради друго, она што редовно го правите закани, заплашувања и ред слични работи Повеќе »

25.02.2014

Николов: Владата собра 1.5 милион евра од казни за само 45 дена

30.000 евра дневно се собирале по основ на само на глоби. И тоа најјасно покажува како Владата се труди да ги надокнади приходите коишто треба во најголема мера да го полнат Буџетот Повеќе »

25.02.2014

Ивановски: Владата исто како Јанукович ги троши парите на граѓаните за потребите на ВМРО-ДПМНЕ

Владата, партијата на власт ги користи парите на сите граѓани за да си обезбеди политичка поддршка само за себе. Или тоа е да тераш и да водиш имот и да се рекламираш себе си и да бараш поддршка со туѓи, а не со свои пари. Е тоа е мешање на државата во партијата. Тоа е мешање кога во изборен месец не ја водите државата, ја водите партијата. Епа за тоа Јанукович го симнуваа од власт во Украина Повеќе »

24.02.2014

Томиќ: Македонски железници не покажува грижа за безбедноста ниту на патниците, ниту на вработените

Само во периодот од 2009 до 2011 година продадени се 1700 тони шини, како старо железо бидејќи е тоа, на тој начин е по евтина цената отколку да се продаваат како поволни употребливи шини. Да не говориме за фактот дека можеа истите да се употребат на некои од споредните колосеци. Меѓутоа заради интересот кој што го имаше раководната структура во Македонски железници истите беа продадени како старо железо Повеќе »

24.02.2014

Стојановски: Законот за јавни патишта не ја почитува приватната сопственост

Не смее градба, било каква и ние тоа го зборевме неколку пати до сега, да се отпочне се до моментот додека не се регулирани имотно правните односи за целата траса. Јас верувам и сега истото се случува. Сечете ленти, ама имотно правните односи не ви се регулирани. Јас не знам дали тоа го има во друга држава освен во нашата. Тоа е брутално и кршење на Уставот и правото на приватна сопственост за работи коишто не знам колку пати сме ги збореле од оваа говорница. Повеќе »

21.02.2014

Казанџиска: Кој можеше да смисли вакви прашања за полагање на психолошки тест?

Дали сакаш да патуваш во Лас Вегас? Ако напишеш да, одма си сомнителен и имаш порок. Се знае, дали се смееше на виц? Како се однесуваш на погреб? Кој можеше да смисли вакви, да не употребам груб, ама ќе кажам дебилни прашања за полагање на тест за интегритет и психолошки тест Повеќе »

21.02.2014

Велјаноски: Со сите 16 закони власта го девалвира образовниот систем во Македонија

Господине заменик министер, господо пратеници, ова е девалвација на се и сешто во Република Македонија. Прво е девалвација на овој Парламент, девалвација на Парламентарната демократија. Во еден ден 112 закони по скратена постапка. Има ли посоодветен збор од тоа дека е девалвиран Парламентот во Република Македонија Повеќе »

21.02.2014

Диневски: Што ќе се случи ако во рок од 6 месеци еден раководител не го положи психолошкиот тест?

Сакам да ве прашам што ќе се случи со еден раководител, како што е примерот со законот за кој ви спомнав, ако во рок од шест месеци не го положи овој тест? Ќе го разрешите директорот? Втората работа, дали директорот или раководителот, кој во рок од шест месеци ќе носи одлуки, а притоа не го положи психолошкиот тест ќе го повикате на одговорност? Повеќе »

Предходни      10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29    Следни

СДСМ