НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

23.09.2015

Груевски, еве докази за твоите парцели на Водно до кои си дошол преку Белизе

Пратеничко прашање на пратеникот Петре Шилегов на 66-тата Седница на Собранието на Република Македонија Повеќе »

28.02.2014

Ивановски: Од вкупно 4 милиони евра, МРТВ за Собранискиот канал издвојува помалку од 1%

Срамота е и ние како пратеници да гласаме за ваков предлог, да на собранискиот канал се даваат најмалку пари во однос на еден куп ставки, заклучно со оваа, 3 ипол милион денари ќе даде МРТВ за награди од фестивали. Многу великодушни сте за фестивали Повеќе »

28.02.2014

Ибраимовски: Зошто на илјадниците волонтери власта не им дава решение за работа?

Факт е дека имаме невработени 45.000 млади луѓе на возраст од 29 години. Факт е дека и во Европа се преземаат мерки за нивно вработување. Ама во Европа нема поделба како што има кај нас. Од тие 45.000 млади луѓе, 25.000 биле активни, кој барале работа. А 20.000 биле пасивни баратели на работа Повеќе »

28.02.2014

Макрадули: Граѓаните не сакаат да гледаат дискриминаторски и потценувачки јавен радиодифузен сервис

Додека Паско Кузман со Иванов не залажуваа со некое минато што не припаѓа на овие простори, Паско Кузман позади си крадеше од вистинските и реални артефакти од Македонија коишто се македонски идентитет. И сите емисии што ги правите се такви. Да го промените македонскиот идентитет, да не убедите дека не сме она што сме и да ја промените историјата во Република Македонија. Повеќе »

28.02.2014

Станковиќ: Какви привилегии добива ТАВ за да остане во Македонија?

ТАВ благодарение на зголемениот број на воздушни операции и бројот на патници коишто слетале на Охридскиот и Скопскиот аеродром, ќе плати помалку, 2 милиони евра за концесија за 2013 година. И концесијата која што ја платила државата 725.000евра, или помалку 73% споредено со лани. Повеќе »

27.02.2014

Велјановски: Дали Македонија според ВМРО ДПМНЕ е акционерско друштво

Има ли натаму смисла да дебатираме, има ли дебата во овој парламент? Има или нема парламентарна демократија во Република Македонија? Акционерско друштво е Република Македонија според вашето сфаќање, во приватна сопственост. Не може на ваков начин да се има среќа во оваа држава. Повеќе »

27.02.2014

Сугарески: Власта казнува без усул, знаете ли колку се 5.000 евра во денари?

Ако го гледаме овој закон ќе видиме дека апсолутно со ништо, со ова што го предлагате тука, а тоа е доучување на англискиот јазик на овие лица, зборуваме за директорот на инспекторатот, дека ќе дојде до некое зголемување на работата на инспекторатите. Повеќе »

27.02.2014

Казанџиска: Дали сте свесни дека само за една недела 3 пати го менувате овој закон?

Првата измена ако не се сеќавате, еве јас ќе ве потсетам оти очигледно дека тука седите и чекате да се изгласа законот и што побргу да му реферирате на вашиот шеф, кој којзнае каде се слика. Ама тој ги нема проблемите на невработените бидејќи тој лажно претставувајќи се дека е дете на стечаен работник. Вистината беше очигледна, дека е дете на директор кој однел фабрика во штечај. Има работа да се слика некаде, сега во ова предизборие. Повеќе »

27.02.2014

Бендевска: Извршната власт се обидува да ги узурпира надлежностите на Собранието

Во кривичниот законик вакво дело се вика самовластие. Не овластен упад на извршната власт во ингеренциите на Собранието. И на ниту еден од вас мува не ве лази, око не ви трепнува. Па какви пратеници сте вие? Со што ја заслуживте довербата на народот? Читате ли вие што овде пишува? Дали знаете дека извршната власт се обидува да ги узурпира надлежностите на Собранието како највисока институција? Повеќе »

26.02.2014

Диневски: Долгот на јавните здравствени установи изнесува околу 45 милиони евра

Малку ви беше по еден директор, назначивте уште по еден директор, таканаречен економски директор кој исто така има менаџерски договор согласно Законот за здравствена заштита. Формиравте околу 30 управни одбори, кој на годишно ниво јавните здравствени установи само на терцијално ниво, граѓаните ги чинат некаде околу 1.5 милиони евра. И тоа вие без око да ви трепне го направивте Повеќе »

Предходни      9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28    Следни

СДСМ