НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

25.01.2016

(Видео) Даскаловски: Да дадеме зелено светло да се дозволи пушењето на тераси и балкони

Јас на Комисија кажав дека има селективност во Законот за пушење. Некаде се казнува, некаде не. Колеги, јас како непушач во тие локали ќе седнам на местото определно за непушачи, рече пратеникот Марјан Даскаловски во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија Повеќе »

25.01.2016

Сугарески: Постои неправда во примената на Законот за пушење

Законот за заштита од пушењето не важи за сите граѓани еднакво во Р.Македонија. Парламентот не прави ништо за да се смени таа работа. Јас тврдам дека во голем број на институции низ Р.Македонија се пушат цигари, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија Повеќе »

25.01.2016

Тунтев: Пушењето да биде дозволено надвор од деловниот објект

Во законот за заштита од пушењето се бара овој дел што е дефиниран како простор надвор од деловниот објект кој содржи дополнителна опрема да биде избришан од областите каде што пушењето е забрането. Пушењето да е дозволено надвор од деловниот објект Повеќе »

21.01.2016

(Видео) Сугарески: Очајни ви се обидите да го блокирате Специјалното обвинителство

Потезите коишто ВМРО-ДПМНЕ во очај ги влече, вклучително и таа фамозна катастрофална неуспешна против уставна одлука донесена во понеделникот се бегање од тоа како да се најде начин СЈО не функционира. Овој закон којшто се предлага во ова Собрание е директен атак и блокада на работењето на СЈО од страна на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. И ништо повеќе, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за јавнообвинителска служба, на 87-мата седница на... Повеќе »

21.01.2016

(Видео) Шилегов: Да се изгласа финансирањето на СЈО и Законот за заштитени сведоци во најбрзо време

Луѓето во Специјалното јавно обвинителство за декември месец немаат земено плата. Зошто? Затоа што во овие неколку дена од Нова година, а имавме до 31 декември седници на Собранието, не го ставиме на дневен ред да ја изгласаме програмата за финансирање на СЈО. Значи ние сега можеме да вработуваме кафекуварки со познавање на англиски јазик од ТОЕФЛ, меѓутоа не можеме и не му даваме на специјалниот јавен обвинител законски ингеренции да може да квалификува, односно да даде статус на заштитен... Повеќе »

18.01.2016

(Видео) Сугарески: Доаѓа крајот на криминалната, фамилијарна, недемократска власт

Оставката на Никола Груевски е уште една потврда дека во изминатите изборни циклуси се случуваа изборени грабежи и во Македонија немаше ниту фер, ниту слободни, ниту демократски избори. Однесувањето на Никола Груевски потврдува дека се плаши и бега од слободни, фер и демократски избори Повеќе »

15.01.2016

(Видео) Сугарески: Криминалецот Субрата Рој доби од вас државно земјиште колку половина Охридско езеро

Вие пред ова Собрание, пред целата јавност зборувавте дека ќе пристигнат 20.000 крави во Џумајлија. Му дадовте земјиште на Субрата Рој колку половина Охридско езеро. И сега мислите дека со едно извинување ќе се заборави оваа работа? 20.000 крави требаше да дојдат во Република Македонија. Злоупотреба на земјоделско земјиште сериозно е правена во овие 10 години, рече пратеникот Горан Сугарески во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште, на... Повеќе »

15.01.2016

(Видео) Орцев: Владини функционери и поддржувачи злоупотребиле државно земјиште

Овој Закон за земјоделско земјиште се користи како параван за злоупотреби и користење на субвенции за земјоделските производители. Прво што ќе направи СДСМ кога ќе дојде на власт е ревизија на издаденото државно земјиште под концесија. Затоа што во оваа држава мора да се знае кој користи државно земјоделско земјиште, како го користи, зошто го користи и колку пари зема за субвенции. И на крај, дали плаќа и колку плаќа концесии за тоа земјоделско земјиште, рече пратеникот Панче Орцев во однос на... Повеќе »

13.01.2016

(Видео) Шилегов: Формирате контра-анкетна комисија за да не се соочите со вистината за вашите криминали

Одбирате да формирате контра анкетна комисија затоа што не сакате да се зборува за стравот, срамот и кукавичлукот на Никола Груевски, Гордана Јанкуловска, Зоран Ставрески, Сашо Мијалков, Миле Јанакиевски, Мартин Протугер. Затоа што ја изгубивте битката во јавноста со кукавичкото појавување на Никола Груевски на постојната анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето. Затоа што е срамота претседател на Влада и претседател на владејачка партија да се крие од јавноста, рече пратеникот Петре... Повеќе »

13.01.2016

(Видео) Пауновски: Ќе одговарате за институционалното фалсификување на лични карти што сте го правеле

Ако мислите дека со ваква Анкетна комисија ќе скриете се она што се случуваше во изборните циклуси, каде што ваши вработени луѓе во МВР изработуваа фалсификувани лични карти, а потоа тие лични карти ги доставуваа до гласачите. Кога гласачите гласаа, тие лични карти мораа да ги враќаат назад, за да од оние што им ги добиле, подигнат пари. Ги знаеме и луѓето и знаеме каде ги носеле личните карти и на кого ги давале и делеле пари Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни

СДСМ