НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор

Собраниски активности

29.01.2016

(Видео) Силјановска: Да одвоиме 5 милиони евра од Буџетот за основна егизстенција на стечајците

Затоа во ниво име, во името на нивната мака, во името на оние којшто повеќе не се меѓу живите ве повикувам и молам заедно да го подржиме овој закон и да им помогнеме на стечајците да излезат од својата агонија Повеќе »

29.01.2016

(Видео) Горгиева: Бараме да се реши егзистенцијата на 4000 стечајци

Со законот бараме сите работници кои останале без работа поради стечај или технолошки вишок да можат од Агенцијата за вработување да добијат надоместок во висна од 30% од просечно исплатената нето плата по работник во претходната година. Повеќе »

28.01.2016

(Видео) Орцев: Овој закон ќе ја дисциплинира Владата во трошењето на парите на граѓаните

Владата на Никола Груевски во изминативе 9 и пол години, ни покажа дека не сака контрола. Не сака контрола ниту во трошењето, ниту во задолжувањето.Бидејќи без контрола Груевски слободно злоупотребуваше, правеше измами и корупциски зделки.Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ треба да го поддржите овој закон, бидејќи ја враќаме моќта и силата во законодавниот дом, рече пратеникот Панче Орцев во однос на предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, на 85-тата седница на... Повеќе »

28.01.2016

(Видео) Николов: Собранието, а не Владата да ги контролира финансиите и задолжувањето

Ова Собрание треба да ја зајакне фискалната контрола на Владата, а потоа и на другите субјекти. За изминативе 3 години Владата потрошила 312 милиони евра повеќе од она што го донела како фискална стратегија кон која што треба да се придржува. Секој граѓанин за овие 7 години Владата го задолжила со нови илјада евра. Предлагаме фискалната стратегија да ја носи Собранието на Република Македонија Повеќе »

27.01.2016

(Видео) Китев: Предлагаме мирување на бруталните казни за администрацијата

основната цел на предлогот е да се создаде оценување коешто ќе биде прифатливо и од административните службеници, но од друга страна истото да добие согласност и од синдикатите, невладините организации, но и од власта и од опозицијата. Само со заеднички консенсзус може да се каже дека тоа оценување ќе има некоја смисла, рече пратеникот Бетиане Китев во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија Повеќе »

27.01.2016

(Видео) Куновска: Оценување на администрацијата не може да прави тоталитарна власт

Во оваа земја во моментов има 0 политичка волја за реална оценка на членовите на администрацијата. А без таа волја, останува единствено одговорноста за нестручноста и некомпетентноста на раководните структури во партизираните институции да се пренесе на тепачите и лепачите на плакатите од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Затоа сметам дека не е здраворазумски да се полемириза со аргументи со вака корумпирана недемократска власт како што е ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, рече пратеничката Софија Куновска во однос на предлогот... Повеќе »

26.01.2016

(Видео) Локвенец: Казнувате селективно со Законот за пушење

Нашето барање со овој предлог на закон е точно да ги дефинираме односите. Точно да ги дефинираме поимите, граѓаните точно да знаат што е дозволено, а што не е дозволено. Никаков интерес не ни е да го полниме Буџетот со казни репресивно, туку со стимулација и креирање на услови за позитивно, дополнително работење на економските оператори, рече пратеникот Хари Локвенец во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на Р.Македонија... Повеќе »

26.01.2016

(Видео) Шилегов: Груевски остана без моќ и го одржа најпримитивниот говор

Груевски е човек кој што се заканува на сите кои што не размислуваат како него. Се што ве интересира од овој закон е дали може да влезете да изрекетирате некое кафуле или кафана. Сето она што треба да се направи со измената на овој закон е да на местата со коишто во веќе постојното законско решение е дозволено пушењето, да бие дорегулирано како материја, рече Петре Шилегов во однос на предлогот на закон за изменување на Законот за заштита од пушењето, на 85-тата седница на Собранието на... Повеќе »

26.01.2016

(Видео) Силјановска: Заради лошиот закон опадна прометот, профитот и работата на угостителските објекти

Неспоред е фактот дека актуелните, постоечките законски решенија драстично ја намалија посетеноста во ресторани, кафеани, диско клубови и други угостителски објекти, што доведе до опаѓање на финансиската и економската моќ на сопствениците на угостителските објекти. Тоа пак од друга страна доведе и до отпуштања на голем број вработени во оваа дејност. Имено, се калкулира со бројка од околу 8000 луѓе, коишто во овој период од донесување на законот го загубија своето работно место, рече... Повеќе »

Предходни    1  2  3  4  5  6  7  8  9  10  11  12  13  14  15  16  17  18  19  20    Следни

СДСМ