Прес конференции
Не дозволуваме шверцерски да се протне одлуката за нов универзитет
Изјава за медиуми,
Горан Сугарески, координатор на пратеничка група на СДСМ
Скопје, 03.02.2016
ВМРО ДПМНЕ продолжува да го зголемува хаосот во високото образование.
Со одлуката за формирање на новиот Универзитет Даме Груев целосно е прекршена процедурата за носење на одлука за формирање на нов универзитет.
Пратеничката група на СДСМ поднесува 984 амандмани на предлог законот за формирање на овој универзитет.
Како опозиција, ја прашуваме владата зошто не е поднесен до пратениците Елаборатот за формирање на универзитет на разгледување?
Исто така и каде е одлуката на одборот за акредитација со која се дава мислење за нов Универзитет?
Зошто сеуште се држи во тајност составот на одборот за акредитација?
Пратениците ги немаат на увид и стручните мислења на постоечките факултети за потребата од формирање на нов Универзитет.
Има ли крај на потценувачкиот однос на оваа Влада кон Собранието на Р.Македонија.
Владата треба да знае дека Елаборатот и потребната документација за формирање на нов Универзитет треба да им бидат доставени на сите пратеници во потребниот рок на разгледување.
Катастрофално е од владата да велат дека стручни мислења од другите факултети се доставени, а истите пратениците да ги немаат на увид.
Имено Правен факултет се има изјаснето дека има презаситеност од правни факултети. Зошто Владата не го зела во предвид ова мислење на најстариот правен факултет во земјава?
СДСМ и опозицијата нема да дозволат создавање на нови факултети чија единствена цел е вдомување на партиски јуришници на ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО ДПМНЕ уште еднаш шверцерски сака да ја протне и оваа одлука без да се испочитуваат законите и процедурите во оваа држава. Денес имате прилика да видите како кршејќи го Деловникот кои самите го донесоа, со насилие и самоволие да ја ограничат дебатата на поднесувачите на амандманите односно на опозицијата. Циркус и хаос е она што се случува на Комисијата за образование од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Скопје, 03.02.2016
ЦЕНТАР ЗА КОМУНИКАЦИИ СО ЈАВНОСТА
СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА
среда, 03 февруари 2016