НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Активности

(Видео) Дебата: Ја градиме Македонија едно општество за сите

Ја победуваме нееднаквоста заедно. Граѓанинот го прашуваме што му треба, а не кој е. Создаваме граѓанска држава, наместо различни колосеци и предрасуди. За нас, мултукултурата во Македонија е вредност, а не проблем. Го враќаме достоиството на секој уметник и творец во земјата. Овозможуваме квалитетни услуги за сите граѓани во Македонија.
 
Ова е сосема обратен процес на градење на Македонија како едно општетство за сите, наспроти поделбите и раздорот што за политички цели ги поттикнува актуелната власт. Тие сакаат осиромашените граѓани да се занимаваат со етнички тензии, омраза и нетрпелливост, додека малата група на власт се богати.
 
Ние се фокусираме на надминување на оваа реална различност, социјалната раслоеност. Ставаме крај на нееднаквоста и дискриминацијата по каква било основа. Градиме едно општетство!
 
Со денешната централна дебата во Скопје, Градиме едно општетство за сите, ги заокруживме планираните 28 дебати во предвидените 5 недели. Во рамки на проектот Визијата за Македонија, како што ветивме, бевме во голем број градови низ Македонија и во Скопје, дебатиравме со граѓаните, со невладиниот сектор, со претставници на граѓанскиот сектор, со експерти за сите проблеми во државата и за 5 те столбови што СДСМ ги подигнува заедно со граѓаните. Бладгодариме за сите досега споделени предлози, мислења, сигестии, со нас, коишто внимателно се разгледуваат. Нашата цел е Програмата на СДСМ да биде програма на граѓаните. Затоа најавуваме дека проектот Визијата за Македонија продолжува.

 

 

 

недела, 08 ноември 2015




СДСМ