НАЈНОВИ ВЕСТИ

E - Информатор


Прес конференции

#37 (Видео) Заев: Груевски го прислушувал и граѓанскиот сектор

Прес конференција,
Зоран Заев, претседател на СДСМ
Скопје, 08.06.2015

Почитувани присутни, почитувани граѓани, претставници на медиумите,

Според податоците што до овој момент ги имаме, во Македонија со години таргет на тајните служби на Никола Груевски и Сашо Мијалков се најмалку 10 активни граѓански организации.

 

Службите на Управата за безбедност и контраразузнавање, под палките на Груевски и Мијалков во Република Македонија ги следеле и прислушувале:

-НВО Инфоцентарот
-Хелсиншки комитет за човекови права на Република Македонија 
-Невладината организација Транспарентност Македонија
-Фондација отворено општество Македонија (СОРОС)
-Невладината организација ЦИВИЛ - Центар за слобода
-Истражувачкиот центар за граѓанско општетство
-Платформата за граѓанска политика - АЈДЕ!
-ФОРУМ – Центарот за стратегиски истражувања и документација
-Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО)
-Граѓанската организација Плоштад Слобода
-Фондација Метаморфозис

Ова се само дел од организациите од невладиниот сектор за коишто се комплетирани материјали, но нивниот број, но нивниот број е поголем ако се има предвид дека дел од нив се слушаат индиректно и како ќе бидат составени нови папки, така претставниците на граѓанскиот сектор ќе бидат известени да дојдат да си ги ги подигнат во седиштето на Социјалдемократскиот сојуз.

Соопштените организации се следени со прислушување на првите луѓе на организациите или нивни активни членови. Тоа значи дека има случаи каде што во една организација се следени повеќемина граѓански активисти.
Прислушуваните аудио материјали денеска ќе им бидат врачени лично на претставници на организациите кои се присутни овде.

Јасно е зошто нема да бидат јавно објавувани аудио снимките. Граѓанскиот, цивилниот сектор е еден од носечките столбови на демократската јавност, или барем така би требало да биде во нормална земја и должност е на сите да го почитуваме тоа.

Доволно е само да се слушнат називите на организациите чии први луѓе се следени, за да стане јасно дека станува збор за едни од најактивните организации - критички опсерватори на општествените процеси, коишто преку своите активности, посветено се борат за унапредување на различни видови човекови права загарантирани со Уставот и законите на Република Македонија.

Почитувани граѓани,

Никола Груевски, со тесната група соработници, ги поткопал до темел основните начелата на коишто е поставен уставниот поредок на Република Македонија.

Преку следењето и прислушувањето на еден од најчувствителните сектори, граѓанскиот сектор – браник на правата и интересите на граѓаните, на слободната и критичката мисла, Груевски ги загрозил основите граѓански и човекови права.
Проектот Вистината за Македонија покажа дека нема област, нема сектор, нема простор, каде што не влегол Груевски со неговата група соработници.

Аудио снимките што досега ги презентиравме покажаа дека се прислушувани и послушници и извршители на Груевски и фамилијата, но главно, таргет на власта на Никола Груевски е критичката јавност во Македонија.

Објавивме како и колку посветено службите на Управата за безбедност и контраразузнавање прислушувале, анализирале, воделе цели досиеја за новинари.
Сите тие противуставно и противзаконски се следени со години!

На овој начин Груевски и неговите помошници го држеле под контрола општеството и ја обезбедувале моќта и власта.
Никакви реформи не го одржале Груевски на власт.

Груевски си ја обезбедувал власта со незапаметениот во светски рамки, огромен скандал, со прислушувањето. Така успешно го чистел теренот од неистомислениците, така елиминирал `се што му стоело на патот, така поткупувал, така се инсталирал во секоја пора на општеството. Така и ги кроел своите политики. Така ги фалсификувал и изборите и волјата на граѓаните. 

Во пресрет на моето заминување во Брисел, свесен сум за интересот и очекувањата на поддржувачите на опозицијата, на целокупната јавност во Македонија, но и на нашите пријатели од меѓународната заедница кои се обидуваат да ни помогнат во процесот, сакам да укажам:

Вака ли, во заложништво, треба да продолжат да живеат граѓаните на Република Македонија? Под ваков режим?

Не, граѓаните на Македонија не го заслужуваат овој начин на живот. Режимот мора да замине. Македонија повторно ќе биде демократска земја. Граѓаните во Република Македонија слободно ќе живеат, слободно ќе мислат, слободно ќе избираат, слободно ќе дишат.
Прв чекор кон тоа ќе биде заминувањето на Никола Груевски од оваа зграда позади нас, од Владата на Република Македонија. Ова зло никогаш повеќе да не се повтори...

 

Одговори на новинарски прашања


Медиуми: Господине Заев, можете ли сега со сигурност да кажете дека одите во Брисел и со каква стратегија?

Заев: Транспарентноста во оваа опција во општеството којашто ја гледате, којашто веќе е натпартиска, натполитичка, заедно со граѓаните, заедно со целата разноликост, со којашто секако и ние се гордееме, а верувам дека и мнозинството граѓани, е наша одлика како начин на соопштување на ставовите. Нашите ставови се јасни и гласни. Само уште еднаш ќе кажам, тоа што досега е брането, во таа рамка за преговори коишто ќе следуваат, е голем успех на којашто секако до крај не можеме да се израдуваме, заради тоа што сепак останува најважното прашање, каква влада ќе ги организира, подготви и спроведе предвремените парламентарни избори, ако тоа не се случи, ништо од тоа што е во таа рамка не важи. Велам не можам до кај да се израдувам, заради тоа што во таа рамка не се само барањата на опозицијата, на граѓанскиот сектор, на повеќето етнички заедници во Македонија, односно на сите етнички заедници во Македонија, таму има квалитативи коишто треба да ни ја вратат земјата во нормала,  да создадат општество каде што нема да има поединци или индивидуи кои би биле вака автократски поставени, кои ќе ја доведат Македонија да биде нормална земја, каде што ќе блеска слободата и демократијата.  Но секако и покрај тоа што сме во нерамноправни, во нефер, во нееднакви услови на преговорите, ние   продолжуваме да разговараме заради тоа што веруваме дека постои можност да се изнајде по мирен и ненасилен пат решение. Оваа трпеливост на овие граѓани овде што ги гледате сиве овие денови, е таа порака да ја слушне целиот свет, дека е можно да падне автократски и диктаторски режим без насилство и само по мирен пат.

За нас е неприфатливо да ги организира овие избори влада којашто ќе биде предводена од Никола Груевски и точка!

Деталите околу сите позитивни аспекти и размислувања, стратегии и тактики, не е целисходно да бидат соопштени заради тоа што тоа е делот на разговорите коишто ќе се случуваат. Но, едно е јасно. Тоа што го очекуваат граѓаните, на крајот на изборниот ден, рака мора да подадат лутите противници. За да се подаде рака, не може Груевски да биде на чело на таа влада. За да се подаде рака мораме да имаме амбиент каде што граѓанинот ќе биде растоварен целосно од каква било закана, од какво било поткупување, од каква било манипулација, од каква било кражба и измама којашто ја видовме во суштината на аудио снимките. Само при вакви услови, без кој било, од Заев, Груевски, Ахмети или Тачи, да се обидува нешто под маса да протне, тоа ќе се дознае. Само со чесен пристап, исклучиво во интерес на граѓаните, можеме да го доживееме тој ден каде што на завршување на изборниот процес ќе се подадат рацете. Тогаш ќе имаме нормална земја, тогаш ќе владее демократија, слобода, правда и тогаш ќе почнат да се враќаат европските вредности и стандарди во нашата Македонија.

Медиуми: Господине Заев, денеска требаше да има изјава од еврокомесарот Хан, од Коцијанчиќ добивме изјава дека треба да се повикаме на последната изјава на господинот Хан. Дали тоа значи дека еврокомесарот сепак останува на неговата изјава од Вашингтон и какво ќе биде вашето однесување?

Заев: Ние денеска ја очекуваме изјавата заради тоа што во разговорот којшто јас го иамв со еврокомесарот Хан договоривме дека треба денеска да има и лично изјава од комесарот Хан, со којашто ќе го потврди уште еднаш тоа што тој ми го кажа по телефон, а беше преточено исто така во соопштението на Европската комисија, каде што се сите изборни слабости дефинирани како во Извештајот на ОБСЕ/ОДИХР и каде што се потенцира и укажува на суштината на разговорите вклучително и на разговорите што укажуваат на изборната измама. Ние ја очекуваме таа изјава и согласно таа изјава остануваат вратите отворени за идни преговори во Брисел.

Медиуми: Господине Заев, иако најавивте, досега не видовме бомба каде што ќе се докажат сериозни криминали на функционерите на ДУИ. Дали планирате таква бомба и второ прашање досега не слушнавме разговор на господинот Абдулаќим Адеми, кој беше 8 години министер, дали тоа значи дека неговиот број не е прислушуван?

Заев: Господинот Абдулаќим Адеми го има во телефонските разговори, директно таргет тој не бил. Но тој е министер во Владата, има зборувано со оние кои биле директно таргет, секако дека го има и него во разговорите. И она што претстои понатаму, секако ако не се постигне договор, ќе продолжиме со се што имаме да го споделуваме со јавноста. Притоа се отвара прашањето што ако постигнете разговор, дали јавноста ќе биде скусена од таа вистина. Не, преку институциите на системот, јавноста ќе дознае за сите вистини коишто процесот Вистината за Македонија ги отвори и ќе ги отвори до крај. Можеби нема да е Заев вака на прес конференции, се разбира ако има договор којшто е најважното прашање за разговори на 10-ти јуни, но секако на јавноста не смее да и биде скратена ниту една вистина. Јас го ветив случајот Монструм, А1 телевизија, што се случувало за пописот и многу други прашања, така да и во тој дел, таа вистина не може да биде спречена да допре до граѓаните, затоа апелирам за спокој, никако вистината нема да биде спречена да допре до граѓаните.

Медиуми: Господине Заев ќе почнам од таму каде што вие застанавте. Зошто до сега не се објавени материјали, докази за криминалот на функционерите на ДУИ во власта кога веќе ги имате, зошто се чувани до сега и како потпрашање на ова, кој договор е постигнат со ДУИ бидејќи помеѓу граѓаните се слушаат информации дека СДСМ и ДУИ имаат постигнато некаков договор за понатамошно коалицирање?

Заев: Ние неколку пати објавивме за криминали на ДУИ и редоследот на објавување на материјалите беше согласно аспектот на допир до сите граѓани без разлика на нивната етничка определба, верска припадност или слично. Крадените 25 милиони евра од автопатите се крадени и од Македонците, и од Албанците и од Турците и од сите. Сето она што го поседуваме е секако со помал интензитет на влијание, во делот на ДУИ. Но велам дека ако продолжиме понатаму тоа ќе го објавиме или ние или преку Обвинителството повторно ќе допре до јавноста. Да се биде на чисто, дали Заев, СДСМ, опозицијата тактизираат за некои идни коалиции со ДУИ. Коалициите ги дефинираат граѓаните на избори и на крајот согласно гласовите коишто граѓаните ги даваат како поддршка на политичките опции, во коалиции се на еден начин принудени да соработуваат секако ако притоа ги спојат и своите програми и можат да се договорат како заедно да ги реализираат тие програми.
Апсолутно кажувам, дека никако нема калкулации за идни коалиции.
ДУИ е дел од власта и тие се соработници на ВМРО-ДПМНЕ . Не мора да значи дека ако не се директно во некој конкретен криминал, во случајот со 25-те милиони евра тие биле до нив, седеле, тие се соучесници во власта.
Нема никакви калкулантски односи и ги повикувам, има начин да направат чекор, да ја напуштат Владата, да ја напуштат Владата и ќе падне Груевски, не мора да чекаат Груевски да го направи чекорот. Ако не се соучесници, нека го направат чекорот.

Медиуми: Другото прашање ми е во рамки на критичните случаи. Вие, откако го започнавте проектот Вистината за Македонија, тврдите дека во овој проект, меѓу другото, ќе се воздржува од културата, различноста... Но тврдите исто така дека вие држите докази за невини луѓе коишто се во затвор. Дел од тие ги објавивте, за случајот Сопот, немате одговорено за случајот Монструм. Дали мислите или чувствувате вина за тоа дека вие имате докази за луѓе коишто невини се во затвор, а тие ги држите за политички пазарења?

Заев: Уште еднаш да повторам. Ние може да имаме основани сомненија, поголеми, помали или слично, но никогаш не беше наша амбиција да бидеме истражни судии, обвинители или слично. Тие докази, како што ние ги гледаме така и ќе ги споделиме со јавноста. И јавноста ќе носи заклучок, а се надевам и соодветно на тоа и општествените институции ќе носат заклучок. Што е причината зошто досега не се објавува случајот Монструм. Затоа што се радувам, како и мнозинството граѓани, за ова единство што го постигнавме, се радувам и се гордеам. А, се плашам, се плашам, поради поединци кои не можат да го скротат гневот од кои било причини, да не го нарушиме. Ова е богатство на оваа земја. Кога зборуваваме уште од почетокот на февруари, кога и меѓународната заедница беше загрижена дали овие докази или аргументи или т.н. бомби на опозицијата нема да потикнат меѓуетнички конфликт, бевме осамени во тие моменти кога рековме, не напротив ова ќе го обедини нашиот народ од сите етнички заедници и денеска се гордееме и се радуваме на оваа работа. Затоа обврска на сите е да внимаваме и да го чуваме ова богатство, оти ова е нашата предност. Оваа предност сите во Македонија мора да ја искористат и затоа алармот мора да е пуштен. Извичникот пред нас мора да е голем! Да внимаваме ама притоа секогаш да потврдуваме и таа вистина задолжително мора да биде споделена со граѓаните. Иако е неправда за осудените, ќе дочекаат правда! Ако е правда, ќе се потврди правдата! Што и да е, таа вистина мора да биде споделена со граѓаните. Но, да си го чуваме тоа единство, оти на сите добро ни дојде, се гордееме со него и му се радуваме. Е тоа е тоа, кое што е нашиот ветар во грб и на преговорите, тоа е тоа кое што е плус, можеби најсилната гаранција, дека ќе успееме. Ќе успееме да дишеме слобода, да се радуваме на демократија и да практикуваме и конзумираме европски вредности, секој од нас поединечно без разлика на која етничка заедница припаѓа во Македонија.


Медиуми: Господине Заев, што доколку премиерот Груевски излезе со предлог со тоа кој човек би застанал на чело на Владата. Дали би прифатиле таков договор, со ризик ај да речеме премиерот да остане во сенка?

Заев: Јас не би коментирал детали за можни комбинации, но сум свесен дека водам делегација којашто оди на преговори. Тоа не значи дека само Заев она што го предлага, дека така ќе биде. Но, има вредности, има стандарди, има нормативи, има и критериуми. Медијатор во процесот е Европската Комисија преку комесарот Хан. Не може овде ништо ни повеќе, ни помалку, освен европски стандарди и европски вредности. Истите тие луѓе кажуваат дека содржината на разговорите мора да се провери, апсолутно заедно со нас дефинираат транзиционен период. Од која причина ние тоа го дефиниравме транзициониот период? Знаејќи дека изборите биле нерегуларни, дека се правени огромни криминали, корупција и слично. За да бидам попрецизен, лесно е прифатливо нешто кое што е во духот на тие европски стандарди и европски вредности. Ако падне предлог од кој било од присутните, а се однесува за човек кој не е веќе инкриминиран со сите овие докази и аргументи коишто ние ги споделивме, или не постојат по друг основ инкриминирачки дејанија врзни со тоа име, вредно е за разговори и се надевам ќе биде прифатливо за сите, без разлика од кого ќе биде дадено, за да биде прв човек на таквата влада којашто ќе ги реализира и ќе ги подготви изборите најдоцна до април 2016-та година.

Медиуми: Како фигурира Јавното обвинителство во преговорите и кои се вашите барања по однос на оваа институција, со оглед на тоа што уште едно обвинение е покренато против Вас за примање поткуп, а во исто време немаме никакви истражни постапки по однос на содржината од прислушуваните разговори? Што очекувате од Јавното обвинителство? Што да очекуваме во наредниот период?

Заев: Првиот дел нема да го коментирам заради тоа што ќе цитирам дел од точките коишто се дел од таа рамка за преговори, а рековме дека ќе дадеме шанса за успешни преговори. Обвинителните акти против Заев или другите опозиционери станаа апсурдност во нашето општество. Тоа ја јакне само нашата позциија во преговорите. Секако дека по меѓународните стандарди тоа е дополнителна апсурдност, оти не дава еднаквост, цел, третман или позиционирање во самите преговори. Заев е со два обвинителни акта пред почетокот на судски рочишта, а кривичните пријави против Груевски и врхушката на власта воопшто не се отпочнати ниту со истрага. Но апсолутно, врвот на апсурдноста на ваквото дрско или безобразно или режимско владеење со секој одминат ден е дополнително потврден. Груевски е истиот човек кој од оваа зграда говореше за комбиња на два километра овде во Центарот на Скопје, со некои тактички опреми снимале, за да после вели нема странски служби, ама Заев оти ми кажа дека имало, заради тоа постоеле странски служби. Заев, како што гледате може утре да замине за Брисел, со пасош во раце, а обвинет за насилство врз премиерот. А господинот Бранко Палифров, мој соработник во општина Струмица, раководител на Секторот за финансии и буџет е осомничен за помагање на тоа насилство за кое што се тврди. Значи тој помагачот, четири ипол месеци е во притвор, а јас бев и во Стразбур, и во Софија, во Брисел. Смешно е, да не е жално. Апсолутно, тоа е уште еден аргумент, нека ценат нашите меѓународни пријатели, па нека даваат предлози по европски стандарди и европски вредности. Гледате, два месеца од таа трето најавена кривична пријава за издавање на државна тајна - каде е? Каде е третата кривична пријава за издавање на државна тајна? Ја нема никаде?! Ако паднат обвинителните акти до сега, за да има трет? Па нека го има багажот и притисокот повторно. Пресвети и преважни се вредностите за коишто се бориме. Нивното име е слобода, демократија, правда, нормална земја.

Медиуми: Ако денеска комесарот Хан не даде изјава дали ќе одите утре во Брисел? Два и пол е сега, нема најави, нема ништо од Брисел?

Заев: Овие луѓе позади мене, голем дел ако не и сите вие, толку многу веруваме во тие европски вредности и стандарди, за нас се светост. Не знам што значат за некои земји членки на Европската Унија, но за нас се светост. За да коментирам, да оставиме денеска денот не е ни половина поминат, да оставиме и да почекаме. Согласно тоа, во духот на транспарентноста секогаш сме ги соопштувале нашите ставови. Го видовте нашиот прв чекор, согласно првиот коментар на комесарот Хан, го видовте и вториот чекор. Демократи сме, апсолутно работиме во интерес на државата и нема нешто што може да `не стави во позиција на тајност, недоволна транспарентност или слично, кога секако го водиме процесот наречен Вистината за Македонија.

 

 

 

понеделник, 08 јуни 2015




СДСМ