E - Информатор

За Нас

Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ) е основана на 9-ти ноември 1991 година и од тогаш постои и функционира како подмладок на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Формирана е како организација на слободни и одговорни членови кои ги прифаќаат Статутот и програмските определби на СДСМ како и Статутот и програмските определби на СДММ. Како партиски подмладок, таа активно учествува во сите активности на СДСМ, вклучувајќи ги тука и креирањето на програмата и политиките на оваа партија, притоа развивајќи самостојна политичка иницијатива и дијалог меѓу младите и другите субјекти во општеството.

Во таа насока, СДММ развива облици на политичко, интересно и струково организирање со цел да ги афирмира идејните основи, вредносните критериуми, демократската содржина и прогресивната oриентација на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Социјалдемократската младина на Македонија дејствува заради остварување на следниве политички начела и цели:

  • целосно почитување на човекот, на неговото достоинство и на неговите основни права и слободи;
  • развивање на плуралистичко, праведно и солидарно општество на социјална демократија;
  • развивање на економска демократија и остварување на правата на работниците;
  • остварување на социјална и национална еманципација на граѓаните;
  • развивање на Македонија како суверена, демократска и правна држава;
  • обезбедување на сите човекови права и слободи на Македонците во соседните земји и развивање на постојана духовна и културна комуникација со нив и со иселениците;
  • развивање на европската ориентација во Македонија и нејзино непосредно вклучување во европските интеграциони процеси.

Имајќи ја предвид актуелната економско - политичка ситуација во Македонија, Социјалдемократската младина на Македонија активно се вклучува во промовирањето на новата политичка платформа на СДСМ претставена во програмата Решенија за Македонија. 

Во таа насока, СДММ денес се залага за обезбедување на:развој на демократијата, зголемување на слободата и промовирање на еднаквоста; развој на економијата, стабилен животен стандард и намалување на сиромаштијата и невработеноста; создавање на нов социјален договор, за намалување на социјалните разлики и зголемување на граѓанската партиципација; за зајакнување на институциите на системот преку воведување на стандарди за професионалност и ефикасност; за промовирање на модел на корпоративно управување во промовирањето и имплементирањето на политичките решенија; поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор; поголема соработка помеѓу власта и граѓаните; негување на политичката култура на дијалог и толеранција како инструмент за надминување на политичките, верските, етничките и сите други поделби кои постојат во Македонија; и конечно, целосна и успешна интеграција во НАТО и ЕУ.

Заради тоа ги повикуваме да нè поддржат и активно да се вклучат во нашите редови сите млади кои сакаат државата да биде економски поразвиена и социјално посигурна, сите млади кои веруваат дека интеграциите во НАТО и ЕУ ја зголемуваат безбедноста на државата и создаваат можности за економски развој, сите млади кои се радуваат што во Македонија има различни народи и култури кои мирно живеат и меѓусебно соработуваат.

Тоа се сите млади кои сакаат подобра иднина, тоа се сите млади кои ја сакаат Македонија!

 Програмска декларација на СДММ

 Статут на СДММ

 

Контакт:

Тел: +389 2 3293141
Факс: +389 2 3293141
Mail: sdmm@sdsm.org.mk  
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



СДСМ