E - Информатор

Потпретседатели


Д-р Фросина Ременски

Потпретседател


Лични податоци:

Родена е на 22 февруари 1977 година во Крива Паланка. Мажена, мајка на две деца, Петар и Никола.


Образование:

Средно образование завршува во 1995 година во Крива Паланка.

Дипломира во 1999 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје како еден од студентите на генерацијата 1995/1996.

Магистрира во 2004 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во областа на меѓуетничките односи и малцинските права на тема „Албанците и Македонците: Етничката интеракција во Република Македонија, пред и по конфликтот од 2001 година“.

Докторира во 2007 година на Филозофски факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во областа на меѓународно право за правата на малцинствата на тема „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“.

Во моментот работи на втора докторска дисертација од областа на меѓународната безбедност на тема „Забраната за употреба на сила и концептот на превентивна интервенција во справувањето со конфликти и заканите по меѓународниот мир и безбедност - Случаите СР Југославија 1999 година, Авганистан 2001 година, Ирак 2003 година и Либија 2011 година“.


Професионална кариера:

Академската кариера ја започнува во 2000 година како наставник  на определено време во средното училиште „Ѓорче Петров“ во Крива Паланка.

Од 2000 до 2003 година работи на Филозофскиот факултет при Институтот за социологија како асистент.

Од 2004 до 2007 година на Полициската академија (сега Факултет за безбедност - Скопје), работи како асистент во областа на полициските науки и конфликтниот менаџмент.

Од 2007 до денес на Факултетот за безбедност работи како вонреден професор во областа на полициските науки, конфликтниот менаџмент и превентивната дипломатија. Од 2010 година е Раководител на Катедрата за полициски науки на Факултетот за безбедност - Скопје.

Од октомври 2012 година до април 2013 година на Факултетот за безбедност ја обавуваше функцијата Продекан за наставно-научни прашања.

Во текот на професионалниот академски развој учествува како раководител и истражувач во голем број научно-истражувачки проекти во областа на реформата на полицијата, националната безбедност, меѓуетничките односи и конфликтниот менаџмент.

Автор е на повеќе од 70 научни и стручни трудови од областа на истражувачкиот интерес, објавени во домашни и странски научни списанија. Учествувала како воведничар и панелист на бројни домашни и меѓународни стручни и научни конференции организирани од државни органи, универзитети, факултети и невладини организации .

За монографијата „Македонското национално малцинство во соседните земји: Современи состојби“, во 2008 година е добитник на Државната награда „Гоце Делчев“ за наука и придонес во науката во интерес на Република Македонија.

Има добиено неколку стипендии за студиски посети во станство.


Партиска кариера:

Во 2009 година е избрана за член на Советот за безбедност и НАТО интеграции на СДСМ.

Во 2013 година е избрана за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.


 

Контакт:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: frosina.remenski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



Д-р Ванчо Узунов

Потпретседател


Лични податоци:

Роден е во 24.02.1964 година во Скопје.


Образование:

Дипломира 1987 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Економска политика и развој;

Постдипломски студии по Меѓународна економија завршува во 1993 година на Економскиот факултет при Универзитетот во Белград; 

Докторира во 2001 година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со дисертација на тема: „Креирање конкурентни перформанси на националната економија; Случајот на Република Македонија“.

Пост-докторски специјализации: Во мај 2001 година студиски престој на Универзитетот во Грац, Австрија; од септември 2002 до јуни 2003 година визитинг професор на Државниот универзитет на Калифорнија во Беркли, САД; април и мај 2009 година визитинг професор на Лондонската школа за економија и политички науки (LSE).
 

Професионална кариера:

Од септември 1988 до јуни 1993 година помлад асистент во Економскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје;

Од јуни 1993 до мај 1995 стручен соработник во секторот Маркетинг и инженеринг во АД Технометал-Вардар - Скопје;

Од мај 1995 до март 1999 година во Агенцијата на Република Македонија за приватизација;

Од март 1999 година е вработен на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – до септември 2001 година како асистент; од септември 2001 до септември 2006 година како доцент; од септември 2006 година до септември 2011 година како вонреден професор; а во септември 2011 година е избран во звањето редовен професор.

На додипломските студии на Правниот факултет ги предава предметите: Применета економика и Економска политика, а на постдипломските студии преметите: Меѓународни економски односи, Право и економија и Заеднички политики на ЕУ.

Во својство на предавач учествувал и на бројни семинари.


Партиска кариера:

Во декември 2011 година е избран за претседател на Економско-социјалниот на СДСМ.

Во јуни 2013 година е избран за потпретседател на Централниот одбор на СДСМ.


Друг професионален и стручен ангажман:


Експертиза:

Како раководител и/или научен истражувач бил ангажиран на над 50 научно-истражувачки и апликативни проекти, од кои и неколку меѓународни.

Области на негова посебна специјалност се конкурентноста на македонската економија, економика на правото и процесот на европската интеграција на Македонија.

Како консултант бил вклучен при одговарањето на Прашалникот на Европската комисија за стекнување кандидатски статус на Република Македонија, како и при подготвувањето на некои од документите поврзани со процесот на приближување на Македонија кон ЕУ, како што се: Стратегијата за европска интеграција, Националната програма за прифаќање на Acquis Communitaure, Претпристапната економска програма, првиот Национален развоен план на Република Македонија и тн.

Учествувал и во повеќе анализи и презентации по нарачка на канцелариите на UNDP и UNICEF во Скопје.


Други активности:

Со сопствен труд учествувал на повеќе научни советувања одржани во Република Македонија или други држави.

Од јуни 2004 до ноември 2005 година бил советник на Претседателот на РМ за прашања поврзани со евроинтеграцијата на Македонија.

Бил член на Националниот совет за претприемништво и конкурентност и на Сојузот на економисти на Македонија.

Членува во повеќе домашни и меѓународни асоцијации, како и во уредувачки одбори на неколку публикации.


Објавени трудови:

Монографии: „Стратегија и политика на креирањето конкурентност на македонската економија“ (2001), „Глобализација и економски развој; Теорија и политика“ (2002) и „Применета економика“, учебник (2008, во коавторство со проф д-р Софија Тодорова), сите во издание на Правниот факултет ”Јустинијан Први” во Скопје; како и монографијата „Фондовите на ЕУ за развој и Република Македонија“, во издание на Владата на Република Македонија, Сектор за европска интеграција, Скопје 2005 (во коавторство со проф д-р Мојмир Мрак, Економски факултет, Универзитет во Љубљана, Република Словенија).

Автор е и на над 60 научни и стручни трудови, објавени во домашни и во странски публикации.

Како колумнист, објавил над 200 неделни колумни во неделникот за бизнис и политика „Капитал“ и во "Утрински весник", Скопје.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: vanco.uzunov@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



Дамјан Манчевски

Потпретседател


Лични податоци:

Роден е на 27.01.1978 година во Скопје. 


Образование:

Дипломира 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации;

Во 2009 се стекнува со Сертификат Chevening Felloowship  на постдипломските студии на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство; 

Зборува англиски, српско-хрватски и руски јазик.


Обуки и тренинзи:

Во 2003 година бил учесник во програмата US Department of State International Visitors Program „Млади европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“;

Во периодот од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ на во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер;

Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Националниот демократски институт;

Во 2002 година посетува Тренинг за политичка кампања во организација на Националниот демократски институт;

Во 2007 година посетува Обука за градење на добро организиран ПР тим во организација на  Фондацијата Алфред Мозер;

Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Renner Institute Vienna

Во 2006 година посетува Обука за ПР и организација на ефикасна партиска инфраструктура во Меѓународниот републикански институт.


Професионална кариера:

Извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје во перодот од 2006 до 2007 и од 2009 до 2013 година.


Партиска кариера:

Активен член на СДСМ од 1996 година;

Во јуни 2013 година избран за Потпретседател на Централниот одбор на СДСМ;

Член на Централниот одбор на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година;

Член на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ во периодот од 2006 до 2009 година;

Шеф на Кабинетот на Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година;

Потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 2001 до 2003 година;

Портпарол на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 1999 до 2003 година;

Балкански координатор на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци во периодот од 2001 до 2003 година;

Член на Комисијата за меѓународна соработка во периодот од 2000 до 2009 година;

Член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ - Центар во периодот од 2005 до 2006 година;

Член на Извршниот одбор на СДММ во периодот од 1999 до 2001 година;

Член на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ - Центар во периодот од  1998 до 1999 година.


Политичка кариера:

Раководител на Сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Република Македонија во периодот од 2002 до 2003 година;

Претставник на Владата на Република Македонија во Програмскиот комитет на Европската Младинска Фондација во Советот на Европа во периодот од 2002 до 2003 година;

Претседател на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Дрисла - Скопје во периодот од 2000 до 2002 година;

Член на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Водовод - Скопје во периодот од 2002 до 2004 година.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: damjan.manchevski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија



М-р Александар Кирацовски

Потпретседател


Лични податоци

Роден е на 23.02.1983 година во Битола. Oженет и татко на две деца.


Образование

Во 2007 година дипломира на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола на машинскиот смер, насока - Индустриско инженерство и менаџмент.

Во 2010 година завршува постдипломски студии во областа на Менаџментот на човечки ресурси, при „Универзитетот за Туризам и Менаџмент“ во Скопје, со магистерски труд на тема од областа на политичкото лидерство.


Неформално образование

Сертификат за успешно завршена „Политичка академија“ во организација на Прогрес Институт, Фондација Фридрих Еберт и Олоф Палмне – Меѓународен центар.

Сертификат за обуки во сферата на претприемаштвото, менаџментот, маркетингот и односите со јавноста, во организација на  SPARK Холандија;

Сертифика за обуки од областа на бизнисот во организација на USAID;

Сертификат за успешно завршена обука за Менаџмент на човечки ресурси, во организација на Фондот за развој на човечки ресурси.


Професионална кариера

Од 2011 до 2013 година, работи за „Фондација Бизнис Стартап Центар Битола“ & Бизнис Инкубатор Битола (Центар за развој на мали бизниси и Бизнис Инкубатор - Битола). Проект: „Бизнис без граници“ (Business Without Borders) поддржан од USAID; Работно место: Раководител на Центарот за развоj на човечки ресурси  &  Консултант за стратешко бизнис планирање.

Во 2008 година ја освојува првата награда на натпреварот за најдобар бизнис план, организиран од SPARK Холандија и има значаен придонес во развојот на претприемаштвото во пелагонискиот регион.

Колумнист во дневниот весник „Дневник“.

 
Партиска кариера

Активен член во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија од 2001 година;

Во јуни 2013 година избран за потпретседател на СДСМ;

Раководител на Центарот за комуникации при Општинската организација на СДСМ Битола  во периодот од 2012 до 2013 година;

Потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија  во периодот од 2010 до 2012 година;

Претседател на Локалниот клуб на СДММ Битола во периодот од 2008 до 2010 година.

 

Контакт:

Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Mail: a.kiracovski@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 



СДСМ