Заменик претседател

М-р Радмила Шекеринска

Заменик претседател на СДСМ


Лични податоци:

Родена е на 10.06.1972 во Скопје. Омажeна со Божидар Јанковски со кого има едно дете.


Образование:

Магистер е по меѓународни односи на Флечер школата за право и дипломатија, Универзитет Тафтс, САД.

Дипломира на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во Скопје ги завршува основното и средното образование.

Течно зборува англиски и француски јазик.


Професионална кариера:

Била Шеф на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР за Претседателските избори во Киргистан 2009 година и за Парламентарните избори во Ерменија 2012 година.

Работела како асистент по електротехнички науки на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.


Партиска кариера:

Во јуни 2013 година беше избрана за заменик претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Од 2006 до 2008 била претседател на СДСМ.

Во периодот од 1998 до 2006 година била потпретседател на ЦО СДСМ.

Во периодот од 1992 до 1998 година била член на Претседателство на Централниот одбор на СДСМ.
 
Од 1997 до 1999 година ја врши функцијата портпарол на СДСМ.
 

Политичка кариера:

Во периодот од 2008 до 2011 година била потпретседател на Социјалистичката интернационала (организација која ги обединува социјалистичките, социјалдемократските и лабуристичките партии од целиот свет).

Од 2002 до 2006 година била заменик претседател на Владата на Република Македонија.

Од 1998 до 2002 година и од 2006 до 2014 била пратеник во Собранието на Република Македонија.

 

КОНТАКТ:

Тел: +389 2 3293112
Факс: +389 2 3293114
Mail: radmila.sekerinska@sdsm.org.mk
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија 

 


СДСМ