
Лични податоци: Роден е на 27.01.1978 година во Скопје. Образование:
Дипломира 2005 година на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, насока Електротехника и телекомуникации; Во 2009 се стекнува со Сертификат Chevening Felloowship на постдипломските студии на Универзитет Бирмингем – Обединето Кралство; Зборува англиски, српско-хрватски и руски јазик. Обуки и тренинзи:
Во 2003 година бил учесник во програмата US Department of State International Visitors Program „Млади европски лидери и политиките на САД за актуелните политички, економски и социјални прашања“; Во периодот од 2003 до 2004 година учествувал во „Школа за идни политичари“ на во организација на Фондациите Фридрих Еберт и Алфред Мозер; Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Националниот демократски институт; Во 2002 година посетува Тренинг за политичка кампања во организација на Националниот демократски институт; Во 2007 година посетува Обука за градење на добро организиран ПР тим во организација на Фондацијата Алфред Мозер; Во 2001 година посетува Тренинг за медиумски настап во организација на Renner Institute Vienna Во 2006 година посетува Обука за ПР и организација на ефикасна партиска инфраструктура во Меѓународниот републикански институт. Професионална кариера:
Извршен директор на ЕММЕТРОН ДООЕЛ Скопје во перодот од 2006 до 2007 и од 2009 до 2013 година. Партиска кариера:
Активен член на СДСМ од 1996 година; Во јуни 2013 година избран за Потпретседател на Централниот одбор на СДСМ; Член на Централниот одбор на СДСМ во периодот од 2009 до 2013 година; Член на Извршниот одбор на ЦО на СДСМ во периодот од 2006 до 2009 година; Шеф на Кабинетот на Претседателот на Социјалдемократски сојуз на Македонија во периодот од 2007 до 2009 година; Потпретседател на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 2001 до 2003 година; Портпарол на Социјалдемократската младина на Македонија во периодот од 1999 до 2003 година; Балкански координатор на Интернационалната унија на социјалистички и социјалдемократски подмладоци во периодот од 2001 до 2003 година; Член на Комисијата за меѓународна соработка во периодот од 2000 до 2009 година; Член на Извршниот одбор на Општинската организација на СДСМ - Центар во периодот од 2005 до 2006 година; Член на Извршниот одбор на СДММ во периодот од 1999 до 2001 година; Член на Извршниот одбор на Локалниот клуб на СДММ - Центар во периодот од 1998 до 1999 година. Политичка кариера:
Раководител на Сектор за млади во Агенција за млади и спорт на Република Македонија во периодот од 2002 до 2003 година; Претставник на Владата на Република Македонија во Програмскиот комитет на Европската Младинска Фондација во Советот на Европа во периодот од 2002 до 2003 година; Претседател на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Дрисла - Скопје во периодот од 2000 до 2002 година; Член на Одборот за материјално финансиска контрола на ЈП Водовод - Скопје во периодот од 2002 до 2004 година. КОНТАКТ:Тел: +389 2 3293100 Факс: +389 2 3293114 Mail: damjan.manchevski@sdsm.org.mk Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје Република Македонија
|