Центарот за комуникација со јавност на СДСМ преку користење на соодветни методи и алатки на современото јавно комуницирање, има за цел да ја информира македонската и пошироката јавност за сите активности на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.
Создавањето и одржувањето на контактите со јавноста на сите нивоа, овозможува и поттикнување на јавна дебата и размена на мислења и идеи, кои не се само основа на делувањето на СДСМ, туку и предизвик за решавање на реалните проблеми со кои се соочува македонското општество.
Задачи и цели на Центарот за комуникација со јавност на СДСМ:
- Отворен пристап - достапност до информациите и транспарентност;
- Редовно известување преку соопштенија со афирмативна, информативна и реактивна содржина;
- Организација на јавни настапи, изјави, прес конференции, интервјуа, трибини. Поширока застапеност и информираност за ставовите на СДСМ;
- Редовни контакти со медиумите за навремено информирање и презентирање на ставовите на партијата за прашања од севкупен интерес;
- Координација на медиумските и јавни настапи на сите претставници на СДСМ;
- Организација и одржување на официјалната веб страна на СДСМ која има информативен и мултимедијален карактер, но и модерен изглед и високо ниво на интерактивност и двонасочна комуникација со посетителите на страната
Контакт:
Тел: +389 2 3293101
Факс: +389 2 3293111
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија