E - Информатор

Центар за анализи

Центарот  за анализи и истражувања на СДСМ својата работа ја темели врз континурано прибирање на информации (аналитичка евиденција), нивна обработка и соодветно толкување.


Аналитичката  евиденција опфаќа следење на политичките настани и активности на политички субјекти на ниво на јавен настап, презентација на политички став, оперативно делување како и систематизација на податоци од истражувања. Обработката на информациите се врши врз основа на длабинска и системска анализа на конкретни прашања, аспекти и теми кои во себе ги вклучуваат политичките, економските, безбедносните, социјалните, етничките, културолошкките и религиските фактори.


Со современи аналитички методи, врз основа на овие сегменти, аналитика изработува анализи, извештаи, проценки и препораки кои ги доставува до раководството на СДСМ.

За сферите  од својата работа Центарот за анализи и истражувања развива соработка, координација и консултација со експерти од Република Македонија но и од странство.



Контакт:
Тел: +389 2 3293100
Факс: +389 2 3293114
Адреса: Бихаќка 8, 1000 Скопје
Република Македонија

 


СДСМ